Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студентски стипендии

Дискусија во 'Образование' започната од Em4ence, 25 февруари 2010.

  1. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    За Б :| а имав услов за А, ама си велев ајде во Б ми се поголеми шанисте оти нели 850 студенти имаа право :( Ама ништо на крај!!!
     
  2. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Знаев дека мислењето ќе ми биде извадено од контекст...
    Колку што приметив никој не ме сфати што сакав да кажам..
    Фала богу дека си аплицираш легитимно и сето тоа,но доколку имаш врски зошто да не ги искористиш..кога знаеш дека некои такви без срам како што беше спомнато погоре,со големи примања(а можеби и без доволен просек) ќе си аплицираат фино лепо и ќе ти ја чапнат стипендијата која ја заслужуваш од пред нос.
    Тоа сакав да кажам,па сега кој како ме сфатил...
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Јас искрено не разбирам како не ги мрзи да аплицираат оние што трошат 500 евра за две недели.Да имав јас толку на располагање немаше ни на сон да ми текне да трчам во студентски служби,архиви и ујп,немаше ни да се интересирам дали воопшто даваат стипендии.Фино лепо за тоа време ќе си шетав и трошев пари :D Човечко око ненаситно.
     
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    сакам да ве прашам
    јас годинава не аплицирав затоа што не можев прва година сум
    ама ме интересира дали ја земаат во предвид платата на родителите, затоа што мајка ми има повисока плата
    просекот барем од прв семестар ми е висок (10,00) ама не сум сигурна заради ова со платава
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Иако познавам деца што годинава беа одбиени и со 10 просек, сепак ти аплицирај ако сакаш особено ако го задржиш истиот.
     
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Да, се земаат во предвид платите, месечниот износ на платата, и материјалните можности играат голема улога.
     
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    фала ви многу девојки
    ќе видиме што ќе бидне догодина
    па не може да штеши да се проба
     
  8. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Честито за тие што добија, со здравје да си ги служите парите :)

    Мојот пост е наменет за оние што се одбиени, ОБАВЕЗНО ПОДНЕСЕТЕ ПРИГОВОР, на времето кога се даваа кредити братучетка ми со висок просек и многу ниски примања на плата од родителите (скоро никакви) беше одбиена за кредит иако реално требаше да биде меѓу првите на список. Имаше и услови за стипендија, но реши да аплицира за кредит, демек поголеми ќе и биле шансите. А јас која имав помал просек од неа (добро, на различни факултети бевме, па тоа не може да се споредува) и поголеми примања (добро, не се многу големи ни моите примања) добив кредит. Морам да појаснам дека немав апсолутно никакви врски.
    Е сега се чудевме што е работата, таа веќе беше решена да се помири со мислењето „таква ни е државата, некој со врски ми го земал кредитот пред нос“. Но, јас како што сум си таква избувлива :) и плус многу ме нервираат неправди, ја земав рака под рака и право во Министерство. Поднесе приговор и уште такви двете ја пукнавме жената што работеше таму, јас велев имам повисоки примања, реално братучетка ми треба да земе кредит, нема ич примања, ја имаше на прелиминарен список, како тоа така сте ја одбиле на конечен, објаснете како одат тие работи со распределување на кредитот, дрн дрн јариња :rofl: абе ја пукнавме жената :lol: :lol: ама така и им треба, кога не си ја знаат работата :devil:
    И така, после тоа патешествие и го одобрија приговорот, сигурно виделе дека има услови, ова-она, не знам што правеле ама си доби кредит.

    Затоа поднесете си приговори, немате што да изгубите.

    Инаку, Лилит секоја чест за мислењето што го имаш, алал да ти е :clap: ретки се тие како нас (и јас истото би го направила апсолутно :))
     
  9. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    346
    Најдобро отиди си во министерството и распрашај се.Бидејќи слушнав дека преправале податоци,така да провери си за сигурно.
    Со ваква држава никаде не одиме,катастрофа....Потполна револтирана :@ :@ :@
    И многу ми е криво за тие што ги одбиле ;(
     
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    22.936
    Пол:
    Женски
    А ова е прелиминарен или конечен список на одобрени стипендии?
    П.С. Како тоа преправале податоци?
     
  11. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Да не прашал некој дали приговор може уште сега да се поднесе или треба да ги чекаме документите на домашна адреса?
     
  12. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    62
    Јас сум сега прва на УГД, и сакам од догодина да се префрлам во скопје на УКИМ ама најверојатно нема да ми биде ништо признаено, значи пак прва. Има ли шанса да ми дадат стипендија на просеко од оваа година на УГД ако планирам одново да се запишам на друг факултет. И ме интересира секој месец ли стасува стипендијата или поделена на две рати сумата па еднаш во неколку месеци...?
     
  13. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Мислам дека не би ти одобриле, затоа што еден од условите за стипендија е да си запишан во следната година, иако ти најубаво да си прашаш во МОН догодина :) А исплатата не се врши секој месец, далеку од тоа, со оглед на тоа дека ние уште ни договори немаме потпишано за годинава, а за некои 4 месеца завршува студентската година.
     
  14. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    ме интересира дали некој има некој договор нешто примено за да се потпишиме за примање на парите?? и од прилика некој шо има искуство со тоа можи да кажи кога ги пуштат тие договорите од прилика за колку време?? и дали ке ги пуштат на домашна адреса или по е-маил?? и ако ги носат на домашни адреси ако нема никој дома ???? после???ке ни ги остат на врата или како?? ве молам пишете оти ништо не ми е јасно.... :worried: :worried:
     
  15. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Треба да има известување на страната за договорите. Таму ќе биде закачен договорот и сите што се нашле на списокот дека им е одобрена стипендија треба да си го испринтаат договорот во три примерока. Ќе има рок во кој ќе треба да се поднесат во министерството и откако ќе бидат и таму потпишани, еден примерок праќаат на домашна адреса :) Не е ништо комплицирано, само сега треба да чекаме известување на страната :)
     
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ^ Треба повторно да се оди до Министерството, или може по пошта да им се испрататат документите?
     
  17. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Мислам дека може и по пошта. До сега секогаш можело...
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  18. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    34
    Денес испаднаа договорите за стипендии само не пишува до кога треба да се достават до МОН ,да не имате нешто разбрано?
    http://stipendii.mon.gov.mk/PotrebniDokumenti.aspx
     
  19. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    а ако сакаме ние можи уште денес да ги однесиме договорите ?? само треба да стават краен рок?? или ке има од тогаш до тогаш???? оти јас ск ке одам вторник имам нешто работа и само тогаш можам да ги однесам друг ден иначе ке треба пак да идам накај скопје а ми требаат едно убај 2000 ден за бензин... :@
     
  20. andromaha

    andromaha Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    еј девојки ме фаќа паника, абе дали има некој што е од старите корисници на стипендија од лани, дали ви исплатија пари оваа година(учебна) ве молам одговорете ми брзо :* однапред ви благодарам :)