Здраво женски, сакам да ве прашам дали некоја од вас знае колку просек треба да се има за стипендија на педагошки факултет?
Веќе некое време го следам сајтот на МОН, но освен за продолжување на стипендија, нема друго објавено. Дали сеуште немаат објавено за студенти кои не зимаат стипендија, или објавиле па мене ми се промакнува?? Доколку имаат објавено, ќе може ли некој да ми прати линк во ЛП или тука да постира? Ви благодарам однапред
Зависи со колку години е твојот факултет. Ваљда за последната година би заокружила дека си апсолвент. А кај студиска година убаво си пишува дека треба да ја наведеш годината во која првпат си се запишала на факултет, а не тековната студиска. Убаво читајте пред да пополнувате за да не се прават такви непромислени грешки. Мислиш, конкурс за првпат аплицирање? Рано е, овој месец трае продолжувањето за оние кои веќе зимаат, тек од нареден месец би објавиле конкурс за првпат аплицирање за стипендии.
Нема објавување на резултати за продолжување на стипендијата, штом ги исполнуваш условите, ќе добиеш пари на с-ка
Значи треба да се чека до март, април за да се види дали ни е продолжена или ги пуштаат порано парите за продолжени?
Однесов документи за продолжување на стипендијата (втора група) но ја затворив старата трансакциска од претходната година и им дадов нова. Минатата година парите ми беа пуштени на картичка, ама сега не ми побараа копија од картичка. Дали може на трансакциска да ми испратат дека слушам сите викаат на картичка?
Ај да прашам трансакциска треба да отворам сега кога ќе аплицирам (прв пат аплицирам) или ако ми одобрат па да отворам??
Здраво,сега дознав дури дека до 30 е рокот на продолжување,и изгледа нема да стигнам да ја продолжам,и ако не ја продолжам што? Ке можам да конкурирам пак на следниот конкурс за нова?