Девојки дали Уппи може да се земе од студентски ? Или се принта па се чека да се потпише на студентски? Ќе можам ли за 1 ден да ги средам документите?
УППИ сама треба да си го испринташ и пополниш, а во деканат (на студентски) да ти го архивираат и продекан за настава да го потпише, што значи дека еден ден сигурно ќе ти стои кај нив.
Девојки дали знаете за трета група стипендии (мин 7,00 просечен успех) за технички факултети за колкав просек одприлика доделувале претходните години, дали се повеќето 8 и нагоре или даваат и на 7,60/7,70 ?
За втора група стипендии за висок успех може да се конкурира од било кој факс или мора да е медицински, општествен, технички или информатички бидејќи само тие се наведени?
За социјалната стипендија ако се вработени двајцата родители колку треба да изнесува платата за да можам да аплицирам?
Вкупните примања од двајцата родители да не надминуваат над 30.000ден. Така се групирани факултетите,твојот факултет спаѓа во некоја од тие групи(зависи на кој факс си).Може да аплицираш нормално,со среќа!
Јас кога аплицирав повисок беше од 8 просекот за таа од 7, но годинава не значи дека ќе е така. Доколку имаш просек над 7, пробај.
1. Копија од индекс се прави сосе запишаниов зимски семестар или само зимски и летен од прва година? 2. Дали се носи индекс на увид? 3. Дали треба да се носи уверение од УЈП и државјанство или од Министерство ги обезбедуваат тие документи?
Образецот УППИ го потполнуваме ние и го носиме на студентски прашања или таму го потполнуваат ? И дали нешто се плаќа за тоа зошто јас веќе платив 500 ден. за уверението за положени испити
Најдобро е образецот УППИ, листата со положени испити и потврдата за редовен студент заедно со индекс да ги однесеш во студентски. Образецот го копира и пополнува секој сам, а листовите за положени испити и за редовност ти ги даваат на студентски и истите сам ги потполнуваш. Ако не знаеш нешто што треба да пишеш можеш да прашаш и на студентски, објаснуваат, а некои работи се случува и они да ги потполнат, ама најдобро е целосно потполнети да им ги однесеш. За да добиеш печат на УППИ образецот се уплаќа 500 денари (за филозофски и економски факултет, за другите не знам) и се чека ден-два, а треба и 100 да уплатиш за потврдата за редовен студент, може двете на иста уплатница да ги платиш.
Јас потврда за редовен студент зедов и зедов уверение за положени испити и си платив 600 денари , а сега кога ќе го однесам УППИ образецот ќе треба уште 500 да платам ????
Dali mozi da se zema stipendija od prva godina? Dali mozi da se aplicira za stipendija od prva godina, Deca na braniteli imaat posebni stipendii nisto ne mozam da najdam...
Сестра ми е и вработена и студент, во документите треба ли да го пишам некаде тоа? Родителите не примаат плата на сметка, а на сестра ми е минимална платата, има ли шанси да не добијам социјална стипендија?