Женски, аплцирав за стипендија, но сфатив дека сум заборавила да се потпишам на евидентниот лист но притоа сум заборавила и една од изјавите да доставам. Што мислите би ја зеле изјавата и дали ќе ми дозволат да се потпишам иако се веќе предадени документите?
Ништо не губиш ако одиш да ги прашаш и ги замолиш да ти ја прифатат. Не ти ги проверија кога го однесе? Јас кога ги доставував документите ми ги проверија дали ми се сите, а на колешка на која и фалеше изјава не и ги прифатија, и рекоа да ја испечати па да им ги однесе.
Оди на шалтер со тоа бројчето што ти го дадоа и побарај да ја дополниш изјавата. Инаку одма проверуваат се на шалтер како ли те пуштија без комплетна документација?
Сакав да прашам во врска со срерношколската стипендија, дали уште има таква и како се пресметува просекот на оценките во основно? Фала однапред!
Да видиш на страната на мон.гов.мк Инаку, просек - сите оцени ги собираш од годината (лани пример), добиваш некој број и го делиш со бројот на предмети.
Средено е, фала му на Господ. Инаку таа таму ги виде рече океј е а уствари -1 документ...Арно дома што видов дека документ ми фали
@AmorFati Важно е да се ископирани сите пополнати страници од индексот, а ти ако можеш и по неколку копирај ги на ист лист но, гледај да бидат видливи информациите во истите.
фала многу, само уште едно прашање - мора ли лично да се однесат документите или може некој наместо нас да ги оставе? Мислам дека е касно да се пратат преку пошта а не сум сигурна дали ќе можам во петок да одам за Скопје.
@AmorFati Може и друг да ти ги однесе сe додека ти се подредени според евидентниот лист. По пошта не би ти препорачала да ги праќаш, да не случајно ти ги загубат. Ако имаш некој да ти ги однесе до министерство е најдобра варијанта, кога веќе не можеш ти.
Дали некој има прашано кога ќе ни ги исплатат продолжените стипендии, дали да ги очекуваме месецов дека на договорот пишуваше Декември и Јануар?