Доколку има некој контакт со новинари нека објасни каква е ситуацијата и доцнењето со резултати секоја година а притоа игнорирајќи ги студентите при обид да ги контактираат. Ја не познавам ниту еден ниту пак имам контакт.
Пишав на факултети.мк пред 2-3 дена и објаснив се'. Новинарката рече дека ова е најнеодговорното МОН во последните 15 години и кажа дека ќе ги контактираат да ги притиснат. И пишав наредниот ден да прашам дали добила одговор, кажа дека се уште чека... Денеска кажа дека ќе се обиде да ги контактира пак. Значи и новинарите ги одбегнуваат.
Не дека некогаш биле одговорни, ама ова е претеризам. Не да ги притиска, нека објави статија, па ќе ја ископираат и други портали и да видиш после како ќе излезат резултати и извинување.
Јасно. Јас пишав и ја објаснив ситуацијата колку да ги известам. До новинарката е изборот дали ќе напише статија или не. Ако сака нека пише уште некој.
Толку сум револтирана Кај се работи за мизерна сума,па уште и не лажат.Измамници,аман веќе Сакам што поскоро да им заврши мандатот и никогаш веќе во МОН да не влезат.Толку се неодговорни.Вака ли се грижат за студентите? Еве ова е доволен доказ колку им е грижа.За една стипендија,која произлегува од буџетот,не ја плаќат од џеб,не влечат цел месец.А камо ли за вработување или нешто друго.Каде е студентскиот правобранител? Треба медиумите да се алармираат,овие ако немаат притисок нема да им текне.Како бе кога треба да се даде нешто,тогаш се почитуваат рокови? Аман веќе,и онака ни го згазивте достоинството.Доста е
Мој совет е, ако ви рекле Февруари, а ништо од тоа, обратете се до некој медиум или да се објави ова на Факултети.мк, само така успешно може да ги боцнете да реагираат. Точно знам како е, се однесуваат како да станува збор за исплаќање на милионски суми поединечно на секој студент, па многу пари се
А од петок треба да почнат да ги исплаќаат на продолжените ! Кој може нека контактира неколку портали, лани бајааги пишуваа за стипендииве а оваа година ич не ги спомнаа.