Честито на сите. Едно прашање, се најдов по име, татково име, презиме и општина, ама индексот не е тој. Кој им е маилот каде можам да прашам дали е грешка кај нив или имам некој посреќен од мене двојник
@brzigonzales11 Зависи колкави ви се вкупните приходи и дали се вработи пред продолжувањето. Мислам дека не смее да се над 30.000 денари.
Знам дека не треба да се над 30 000 но јас ги испратив документите за продолжување во октомври а тој се вработи во декември
Мислам дека вршат проверка за месеците претходни, така да доколку в година се продолжи стипендијата тогаш ќе се земе вработувањето во предвид. Почекај дали ќе ти избршат исплата, ако нема тогаш обрати се до МОН.
Имаше пост поназад со слика од маил на МОН каде пишуваше дека продолжените ќе бидат исплатени во текот на Февруари, е сега колку е тоа точно..
Тој пост е од мојот меил , така ми вратија , но потоа некој имаше пишано дека од петок ќе бидат исплатени , колку е точно незнам . Во моментов им пишав повторно меил и чекам сабајле да вратат , доколку не вратат повторно ќе го проследам меилот . Од претходните две години колку што знам прво се чекаше список на студентите кои добиле прв пат стипендии , па потоа продолжените ги исплаќаа . Доколку во меѓу време имате инфо. за исплаќање на продолжени стипендии пишете слободно да имаме во предвид , и секако доколку ми вратат на меил ќе го проследам повторно во групава . Поздрав дечки .
Не беше лани така, прво продожените ги исплатија по рати па после им исплатија на тие првпат што аплицирале.
Сании сакаше да кажи дека прво бил објавен списокот на добитници на стипендии за прв пат, па потоа започнале со исплаќање на продолжените, а не дека прво биле исплатени на оние шо прв пат земаат.
Хаха не е двојник, сигурно ти си тоа. Иначе тоа не е број на индекс, туку бројот од електронската пријава.
Вака , мојот меил гласеше дали ќе бидат пуштени стипендиите во теков на неделава поточно од понеделник , но и пишав дека некој од стипендистите кои сме како група има информација дека стипендиите ќе почнат да се исплаќаат и дали е и таа информација точна . Они само вратија одговор за петок . Ниту вратија од понеделник дали има шанси и истотака бев прашала точно за колку месеца ќе се исплати како прв дел . Сега им вратив на овој нивен одговор со напоменување дали има шанси од понеделник и повторно за колку месеца ќе се исплати бидејќи некои стипендисти зборат дека ќе бидат исплатени во три дела . Доколку има некој познат дали би можел да се распраша детално , ќе му бидам благодарна многу а воедно ќе направи услуга на многу од групава кои чекаат . Поздрав дечки
Дали може како документ за трансакциска сметка да ја копирам таа пластифицирана картичка што ја даваат од банката? На неа има вид на сметка, трансакциска сметка, име и презиме, ЕМБГ, број на лична карта..
I dali dobivte nekoe info koa ke pochnat da isplakaat za prodolzeni stipendii, mene mi vratija na mail deka vo tekov na mesecov ke bide isplatena 1va rata, no chisto sumljam, mislam pri kaj na mesec ke rechat pak nekoj tehnichki problem so isplatata deka imalo itn itn itn. . Lani prodolzeni prva rata bese na 7 ili 8 februari..