дечки имам проблем на konkursi.mon.gov кога пробувам да се најавам ми вика дека лозинката ми е погрешна пробав да ја сменам многу пати и сменетата кога ќе ја вметнам пак не ме пушта да се логирам ако знае некој во што е проблемов..
http://mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/2745-2018-2059 Не знам дали секогаш има по два конкурси зашто прва година аплицирам. Има за само уште 250 стипендии мислам, ова е дополнување на првиот. Тие што не добиле првиот пат кога аплицирале. Положени предмети се прифаќаат заклучно со август-септемвриска сесија 2018та, а ноемвриска и јануарска не. Кај нас така кажаа на студентски, не знам дали на другите факултети е така. Кај мене е истата ситуација бидејќи јас кога аплицирав првиот пат имав положено 100% од предметите, ама поради грешка во пополнувањето на електронската пријава бев одбиена.
Уште кога ги објавија резултатите видов дека не е исполнета најавената бројка, сеа сакаат да ја дополнат најверојатно
Ги исплатија на сите продолжените или што е работа? За НЛБ ме интересира конкретно Не ми стигнало дека сум одбиена, а нема ни причина зошто би била, условите си ги исполнував. Не знам дали ако се јавам или отидам у Министерство ќе ми кажат дали ми е продолжена или не.
Ќе ти кажат. Мене лани не ми ја имаа целосно исплатена последната рата, се јавив ми побараа матичен број и ми кажаа дека нема никаква грешка, застој имало кај некои но дека ќе се доисплатат. Јави се или уште подобро ако можеш оди директно таму.
Мислам дека да. Цимерката кога прв пат се аплицираше за стипендија имаше положено 6/9 предмети и не фаќаше услов, потоа во јануари положи уште два и има 8/9 положени, ама на студентски не и ги земаа документите.