Немавме декани кај нас тој период, затоа ректор ги потпишуваше, дозволено било од МОН. Сами го изменувавме УППИ во делот каде треба потпис наместо декан (или продекан, не знам точно како стои) пишувавме ректор и го доставувавме документот во студентски. Сепак нека праша членката во студентски да дознае како може да го реши проблемот, можеби има некои промени.
Пишув на образецот најдолу од одвластено лице истото ми го пишаа во маил и од МОН Дали мора декларација и потврда за прием на плата или може само потврда?
За втора рата продолжени нели викаа април ќе пуштат, ама изгледа прво ќе треба да поминат претседателскиве избори, па после да пуштат
Дали доколку не успеам да земам стипендија со успехот од прва година можам повторно да аплицирам во втора?
Во втора аплицираш со успехот од прва. Во трета можеш да аплицираш пак, со успехот заедно од прва и втора.
Пишав меил до министерството, ми одговорија дека до крајот на месецов ќе биде исплатена првата рата, за оние што аплицирале прв пат.
Јас веќе неколку пати им пишав но не враќаат , со оглед дека кажаа до крај на април ќе се исплатени , но нема ни абер ни глас.
Не. Обично ќе пише некој тука или во групата на фејсбук дека се исплатени и така проверуваат другите дали и на нив им има стигнато.