Здраво Милена, студент сум на Правен факултет и веќе подолго од 1 месец, јас и останати студенти чекаме пари од добиените стипендии втора рата или исплата на прва рата за оние кој оваа година земаат стипендија прв пат. Имено, по долгата агонија за објавување резултати каде повторно бевме манипулирани и чекавме повеќе од 3 недели од првично дадениот рок, сега како студенти чекаме исплата на истата. Впрочем, иако се ближи крај на учебната година, а целта на стипендиите е подмирување на нашите трошоци и олеснување на домашниот буџет, исплата нема! Сите затворени врати на кои наидовме и постојаниот ,,технички проблем" на кој нѐ упатуваше МОН, а потоа како оправдување претседателските избори, нѐ натера да Ви се обратиме Вам. Се надеваме на брзо решавање на овој проблем. Од името на сите студенти, Ви благодарам. Може вака нешто?
Јас мислам добро е. Секој може да ја измени пораката во зависност од тоа каде студира и дали зема прв пат или не. Ама како целина мене во ред ми е. Нека кажат и другите.
Добив информација дека кај некои пристигнала првата рата од тие прв пат што земаат. Дали е точно, има ли некој проверено?
Ако е како продолжената, исплата од различни банки не се одвива во исти ден. Еве, Тутунска сега проверив нема ништо. Другите?
Можеби треба и на Fakulteti. mk Кај мене нема ништо сеуште, тебе кој ти кажа, сигурна е информацијата. Ако е така добро значи почна процесот
Јас добив стипендија сега од дополнителниот конкурс што го објавија Можеби ќе ви ги исплатат ратите заедно со нашите, добиените од дополнителниот конкурс Треба оваа недела да одам до МОН да го однесам договорот и број на трансакциска сметка. Дали треба да се носи и индекс или лична карта?
Јас им пишав и на Милена и на факултети.мк и веќе стварно не знам каде уште да се обратам. Нема смисла ова, поминаа и празници, и избори, и папата, сите нивни можни изговори веќе паѓаат во вода, дојде 15 мај - средина на месецот, а на нашите сметки уште ништо. Дајте да апелираме помасовно, ова не се има случено до сега како што знам волку да каснат...
Луѓе ајде сите да им пишеме по неколку мејла на МОН, да ги напнеме малку, бидејќи оваа е претерано веќе, јас денес им пишав само 5 мејлови
А како може пари прво да земат од дополнителниот конкурс, па после другите што прв пат земаат регуларно?? Не ми е логично малце...