Немаат земено, од каде таа информација? Ако мислиш за девојката погоре што кажа, лошо се има изразено. Најверојатно сакала да каже дека и одобриле стипендија
Спојлер Почитувани, студент сум на Фармацевтскиот факултет и веќе подолго од 1 месец, јас и останати студенти чекаме пари од добиените стипендии втора рата или исплата на прва рата за оние кој оваа година земаат стипендија прв пат. Имено, по долгата агонија за објавување резултати каде повторно бевме манипулирани и чекавме повеќе од 3 недели од првично дадениот рок, сега како студенти чекаме исплата на истата. Впрочем, иако се ближи крај на учебната година, а целта на стипендиите е подмирување на нашите трошоци и олеснување на домашниот буџет, исплата нема! Сите затворени врати на кои наидовме и постојаниот ,,технички проблем" на кој нѐ упатуваше МОН, а потоа како оправдување претседателските избори, нѐ натера да Ви се обратиме Вам, бидејќи во јануари по објавувањето на статијата на Вашата веб-страна, набргу беа објавени и долгоочекуваните резултати од МОН. Се надеваме на брзо решавање и на овој проблем. Од името на сите студенти, Ви благодарам. Еве го текстот кој јас го испратив на факултети.мк, малку модификуван од тој што го испративме на Милена. Пишете им вие на фејсбук и на нивниот меил: kontakt@fakulteti.mk Мислам дека нема поента да ги контактираме МОН, тие упорно ќе не’ игнорираат ако треба и до септември, треба да се реагира до медиумите и на тој начин да им се изврши притисок.
Dali znae nekoj nagradata za najdobri studenti ,, 26ti juli" kolku iznesuva paricnata nagrada? Me izvestija deka me izbrale pa me interesira kolku ke zemam
Почитувани, Дали може да ме информирате, дали до крајот на овој месец ќе биде исплатена првата рата од социјалните стипендии Ви благодарам однапред Со почит
Наградата им се доделува на студенти од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите на УКИМ, со просечен успех во текот на студирањето од најмалку 8.00. Износот на оваа награда е 12.500 денари. Врачена беше и наградата „26 Јули“ на осум најдобри студенти во учебната 2017/2018 година од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите. Наградата „26 Јули“, која е во износ од 8.000 денари, ја добија осумина студенти Секоја година изгледа е различно, инаку честитки
Гледам МОН објавиле на сајтот дека документите за дополнителниот конкурс треба најкасно до 17 мај да им се остават(петок), така да очекувам на сите заедно да ни ги исплатат почнувајќи од понеделник....
Сега добив информација дека почнале да ги праќаат договорите. Неколку мои познанички добиле договори денес.
Договорите ич не се важни, лани не ни стигнаа договорите, не знам дали некој лани воопшто добил договор. Гледајте што побрзо да ни стигнат парите.
На фб група за студентски стипендии една девојка го имаше поставено овој одговор. Претпоставувам дека е од некој вработен во мон.
Како тоа пред некој ден немале доволно средства една рата да пуштат, а денес кажуваат ќе ја префрлеле цела сума од еднаш во текот на месецот А патем, што е со граматиката и латиницата? Вработен во министерство за образование
https://www.fakulteti.mk/mobile/new...miruva---do-krajot-na-maj-kje-bidat-isplateni Објавија факултети.мк за стипендиите. Демек до крај на мај ќе исплателе. Ајде да видиме.