Девојки јас немам таква картичка за вадење од шалтер,само за од банкомат, од тутунска, и на картичката си го пишува истиот број како и на листот што ми го дадоа кога ја вадев, истиот acc.no., а исто и лани направив кога земав кредит па не направија проблем.
Еееее...стварно не сте фер Сакам и јас стипендијааааа ама за тоа трева да се жалам,а не можам да се жалам ако не ми помогнете...
Не мислам... оти се тражеше нели месечна плата во електронската пријава (таму сумјам дека е грешка) и јас ја напишав месечната и за мајка ми и татко ми....е сега се мислам таму да не е грешка(можеби се барала годишна)? Иначе, другите податоци се идентични...
Не, не месечна се бараше. Да не имаше нешто грешка во приходите или во некоја цифра... Стврано не знам, еве нема некој да каже што им пишувало
Нема шанси да е грешка во цифрите. Сигурно кај сите студенти кои се одбиени им ја пишуваат таа причина...Ама како што велиш не се јавува никој да каже што пишува... Тенкс k.i.m anyway
Се бараше месечната сума така што ако е точна, не е тоа причината. Ако си сигурна дека податоците ти биле исти поднеси приговор, може се работи за нивни пропуст па кога ќе ги разгледаат повторно документите ќе се среди. Наведи си се убаво во проговорот и со среќа.
Мене денес ми стигна писмото, и истото го пишува. Но кога бев во министерство, кај претседателот на комисијата ми кажа дека ми фалела потврда за плата од татко, иако јас немав потреба да ја приложам бидејќи моите се разведени. Кој знае што гледале таму или кој бутнале на моето место. Сега во приговорот ќе си ја образложам ситуацијата, може ќе бидне нешто на добро. Би ти препорачала да одиш до Мон, на седми кат да видиш што точно е причината поради која си одбиена!
Утре татко ми ке отиде оти јас сум на факс и ако му кажат нему океј, ако не си имам јас другарче адвокат ќе ми напише една жалба и мислам дека така ќе се среди работата.
Ајде вие само шо ги пративте договорите сакате уште одман пари ние лани чекавме дури април ги пратија. Кажете на оваа година што продолжувавме кога ке стигнат?
Ве молам тие што се одбиени за студентски стипендии да ми одговорат дали жалбите ќе ги достават лично во МОН или ќе ги пратат по пошта
Писмата ви стигнаа во сандаче или на врата и со потпишување?Дека јас чекам за да приговарам, а знам дека е 15дена рокот, а се уште ми нема ништо стигнато.
Мене ми стигна долу во поштенското сандаче, а жалбата ќе ја пратам по пошта, утре ќе одам ќе ја напишам кај адвокат и ќе ја пратам со препорака. I hope I helped you
Информација за старите корисници на стипендии- има исплатено една рата. Со здравје и со памет да си ги трошите парите
Феминки а сега кога ги пративме договорите пак ли на нас ке ни стигне потпишан договор по пошта или ке треба лично да се оди од МОН да се земе, зашто сепак мислам и ние треба да имаме договор дома или пак грешам?