Навистина, ако не реагираме дали и до први јули ќе пуштат. Секој месец им пишуваме одговор секогаш до први. Нека состави некој порака да праќаме каде стигнеме.
Почитувани, Ви се обраќам со цел искажување револт и огромно незадоволство од работата на луѓето одговорни за посредување и исплата на студентските стипендии за студентите кои оваа година земаат прв пат стипендија. Имено, покрај доцнењето со резултатите повеќе од 3 недели, сега исплатата доцни повеќе од месец и половина. Вашите вработени, г-дин Ќенан Сали и г-ѓа Џемиле, не известуваат скоро секоја недела дека исплатата ќе се оствари наредната недела, но која точно недела се уште не дознавме. Ни стигна одговор дека исплатата исто ќе се изврши до крај на месец мај, меѓутоа денес е 28ми и госпоѓата не извести прво дека исплатата ќе се изврши на 3ти или 4ти Јуни, за потоа да се сети дека тогаш е празникот Бајрам, па да чекаме пари од 5ти Јуни натака. Поминаа и изборите, ние пари не добивме. Ви се обраќам за да Ви го искажам нашиот револт кој секој ден се повеќе расте бидејќи ние како студенти зависиме од таа исплата и ни е важен секој ден од тоа доцнење. Се надевам дека ќе сакате како министер да ни излезете во пресрет и дека ќе реагирате да исплатата се изврши во најкус можен рок. Со почит, Студентите
Треба пораката да се испрати до сите портали за јавноста да биде запознаена со случајот, така министерството ќе е под поголем притисок.
Ајде секој нека прати мејл до неколку портали, џабе мејлови до министер, премиер, кога они се тие што не пуштаат исплати.
Почитувани, Студентите кои оваа година за прв пат земаат стипендии сеуште се во исчекување на нивната исплата. Секојдневно им се обраќаме на вработните во МОН околу прашањето кога ќе добиеме исплата и одговорот секогаш е ист - наредната недела. Ова веќе трае речиси два месеца, а сметам дека ние, студентите заслужуваме конкретен, точен одговор, или поважно, конечно исплата на стипендиите. Ве замолуваме да реагирате и вие, бидејќи сметаме дека вашето влијание е големо при решавањето на овој проблем. Ви благодарам, Од името на сите студенти
Pusten bil nalog za isplata, so drugive banki imalo nekoj problem se ocekvit do kraj na nedelava kaj site da stignit Samo za tutunska mi potrvrdija deka utre ke bidat na s-ka parite. Toa bese odgovorot a sega kolku e tocno ke vidime utre, se nadevam deka nemat povtorno da ne izigraat
И како така на едни едно, на други друго кажуваат ? Која несериозност еј. Останува да чекаме и да видиме.