EEeeee навистина?сигурно?се радувам зошто сестра ми ќе ме почести од нејзината стипендија затоа толку прашував сесилија а денес ги пуштиле?
Не знам кога ги пуштиле, до Четврток знам дека немаше, и да, сигурно е А Водолијата, договорот ќе ти стигне потпишан дома
Девојки незнаев каде да го ствам прашањево па си велам ај овде дали знае некој дали за кредит (мислам за старите студенти не за оние ланскиве, последниве што добиа ) дали ги пуштиа сите рати ????
Мислам уште една. На другарка ми и стигнаа прво 2, па 5 па сега била пуштена 1=тоа се 8. Значи уште една останува. Mathematics
Итно!!!! Девојки, уверението од УЈП за остварени приходи, само за мене ли требаше или за сите членови на семејството? Одговорете ми најбрзо што можете. Итно е!!!!
Всушност, не мачи си ја душичката, кај сите го праќале истиот одговор. Прати им приговор, не мисли се за документите сигурно ти се сите во ред.
Не е секаде ист одговорот, на моја другарка и се пратени и бројот на поени и образложено дека не задоволува.
Уверение треба и за тебе и за твоите родители И мене ми стаса решение со образложение дека поради бодовите сум одбиена а исто така знам и на уште неколку мои другарки. Така да не е секаде ист одговорот ....
јас сум стар корисник на стипендија од уни банка, но јас и некои мои колеги немаме сеуште стигнато стипендија....некој со иста ситуација?
Какви бодови? А, да татко ми беше во МОН и му кажале дека сум одбиена за „високи“ примања значи нема врска со причината наведена во моето решение (за непотполни/неидентични документи)
ова за кредитите или за стипендиите? знам дека имаат проблем со уни банка и дека 1 недела подоцна беа пуштени парите коа беа во прашање студентските кредити(поради некаков спор со министерството од неофицијални извори ) така да немај гајле ќе пуштат само малку ќе треба да се стрпиш