Здраво. Сега ќе бидам трета година, лани земав стипендија од трета група, меѓутоа оваа година малце ги одолговлеков испитите, па можно е да оставам 2 предмети за во јануари. Притоа, во втора година имав вкупно 10 предмети (по 5 од семестар), а заедно со прва година се вкупно 21 предмет, што значи 19 ќе имам положено, а 2 не. Прашањето ми е, дали ќе имам право да ја продолжам стипендијата (просекот ќе ми остане ист)?
Да ќе имаш право да ја продолжиш бидејќи услов е да се положени 80% од сите предмети. Во твојов случај 80% се 16.8 положени предмети, така што немаш гајле
За продолжување на стипендија се смета 80% положени испити од сите години заедно или само од оваа година?
Дали следува стипендија за 4-та година ако се запише мастер? Мислам дека да, ама шо е сигурно да си прашам..
Здраво јас земав 4 години стипендија од прва група сега оваа година слушав 4та година имам останато уште 5 испити некој искуство вакво до кога треба да се дипломира дали прават некаков проблем во врска со стипендијата се надевам ке ме разберете што прашувам.
Здраво Две години земав стипендија за студенти со месечни примања под 30000 денари. (Заборавив која група, извинете) Прашањето ми е, оваа година приходите ни беа помали од потребната сума сите месеци но бидејќи татко ми ќе почне да работи во октомври ќе имаме некаде 37000 месечен приход. Дали ќе ми ја укинат стипендијата поради еден месец?
Не би требало сличен случај кај мене татко ми почна 2018 да работи од 1 декември , а јас си земав продолжена стипендија во фебруари 2019
Ти благодарам што сподели со мене мене ме мачи малку дека нема да ми е одобрена до тогаш, татко ми веќе ќе земе плата а дури после, на крај на октомври јас ќе поднесам барање за продолжување и они веќе ќе имаат евиденција за еден месец пречекорување. Ама добро ќе поднесам па ќе видиме, секое искуство е добредојдено
нема проблем да имаш јас мислам .мене пак друго ме мачи сеа ислушав 4та година последна ама имам останато уште испити дали има рок до кога треба да се дипломира заради стипендијата(прва група-социјална) затоа што во договорот пишува еден од условите е да се дипломира во рок предвиден од статутот на универзитетот не ми е јасно до кога , ако ако не дипломираш ќе бараат да вратиш пари што си земал некој искуство од апсолвентите?
Дали доколку полагам предмети од втор семестар во ноемвриска казнена сесија ќе ми бидат важечки оценките кога ќе аплицирам за стипендијата од МОН? Или само до септемвриска сесија што е положено се важи? И да ве прашам во врска со рангирањето дали имаат некаква предност студентите што ги имаат положено сите предмети но се со понизок просек или оние студенти кои немаат положено 1,2 предмети но се со повисок просек?
Ќе ти се важат само тие до септемвриска затоа што документи се поднесуваат некаде на средина од октомври, треба да имаш положено 80% од предметите и нема врска ако некој има повеќе или сите туку просекот е пресуден мислам... кога аплицирав јас имаше деца со сите положени па беа одбиени, а јас немав само 2 ама имав висок просек и добив стипендија.
Здраво,ќе може ли некој да објасни кои се условите за стипендија? Прва година студентка ќе бидам па ме интересира...
Дали ако презапишам предмет а притоа го исполнувам условот за 80% положени предмети и со ист (дури малце и повисок) просек, ќе имам право да ми биде продолжена стипендијата? Конкретно за трета група прашувам.
Немам земено стипендија и сакам да аплицирам во трета година е сега прашањето ми е дали се прави нова ранг листа со поени од успех од двете години или во предвид се земаат студентите што веќе земале стипендија вторта година па ако некој од нив не ја задржи тогаш има простор за нови конкуренти?
Од мојот смер земаат само 20 студенти стипендија и тоа мислам највисоката сума. Затоа прашувам бидејќи не се малце пари, дали се прави нова ранг листа или ги гледаат истите од минатата година што го задржале просекот над 7.5.