Тие кои од предходна година земаат стипендија, доколку и оваа година ги исполнуваат условите за земање (над одреден просек и минимум 80% положени предмети) автоматски ја продолжуваат стипендијата, не конкурираат секоја година одново, нема врска едно со друго. Секоја година има плус конкурс за кандидати кои досега не зимале стипендија, така што ако конкурираш годинава и земеш, и ти догодина само ќе ја продолжиш а нема да конкурираш одново.
Сега сум за втора на факултет и сакав да аплицирам за стипендија, како можам да си го пресметам просекот од прва(имам два не положени од 10) и кога ќе го објават конкурсот дали знаете.
Kolkav prosek treba da imas za da zimas stipendii na Ugd? I dali moze sega da se podnese za stipendija ili od 2 god?
Стипендија се зема тек од 2ра година. За просекот зависи и на што факултет си. Си има конкурс и секогаш пишуваат што како треба, пример за медицински и технички струки може и со 7.50 просек да се зема, со другите над 8.00, треба 80% положено испити да имаш и такви работи. И има разлика во висината на стипендиите зависно од тоа колкав просек си од кој тип земаш (7.50 или над 8.00, а има една и како за студенти на кои им треба парична помош ).
Извини ама грешка си. Морам да те поправам чисто за девојчето да си знае, можеби ќе и промени нешто. Има три типа на стипендии: првата е социјална; втората е со просек над 8,5 за медицински факултет и технички, а останатите над 9 и положени 90% од предметите; трета група е само за медицински и технички факултети со просек над 7,00 и положени 80%.
Знаев дека нешто утнав, сум го читала конкурсот лани и знаев дека нешто смешав... Фала што ме надополни. http://mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/2562-2018-2047 еве го најдов ланскиот конкурс па нека си ѕирне убаво, вака да не ја смешаме.
Ме интересира за продолжување на стипендијата треба 80% од вкупниот број на испити или само од годината да се 80% положени , зошто јас имам положено 6 од 8 оваа година , а 13 од 15 досега ???
Ако е стипендија со просек најмалку 8,5 тогаш имаш шанси. Другарка со просек точно 9, зема стипендија за која требаше да има најмалку 9 просек
Рано е, чекај да почнеме. Па да ги собереме потребните документи. Лани знам дека рокот беше до крај на октомври.
Здраво! За аплицирање за стипендија потребно е нели 80% положени испити од вкупниот број на предмети, е сега јас имам вкупно 14 предмети, а 80% од 14 излегува дека е 11,2. Сакам да прашам дали некој знае со колку положено испити имам право да аплицирам? 11 или 12.. ова 0.2 ме буни Ве молам за одговор.