Хеј, сакам да ве прашам во однос на продолжување на стипендиите. На кого му стигна емаил? Мене не, па не знам сега што да правам. Ја почнав постапката ама кои документи се? Јас земав УППИ, потврда за редовен студент и уверение за испити. Платив 600, дали треба уште нешто да се плати? Збркана сум цела, денес дознав од студенти, ништо официјално не ми стасало
УППИ, потврда за редовен студент,уверение за положени испити и индексот.Мејлови не праќаат туку според договорот(што не секој го доби) до 30-ти октомври треба да се однесат во министерство
Здраво, прва година сакам да аплицирам за стипендија, следам на страната на Мон но нема излезено конкурс а гледам дека вие пишувате дека е до 30.10 поднесувањето на документи. Може хелпп
До 30.10 е поднесување документи за ние што ја продолжуваме стипендијата. Нов конкурс за прв пат аплицирање уште не е излезен, ќе излезе сигурно во ноември. Ама ако си сега прва година на факултет нема да можеш да аплицираш.
Дали некој што аплицирал за стипендија од Фондацијата "Атанас Балканоф" воопшто добил некакво известување? Минатата година јавно беа истакнати добитниците уште во Април...
Излезе конкурсот за стипендии, со среќа на сите што ќе поднесат документи http://mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/2931-2019-2058
мора да имаш оцени затоа го бараат за да проверат дали се точни податоците индексот го бараат на увид и го враќаат после а фотокопии освен ако се праќа по пошта и да,се заверени на нотар.
Без разлика дали се праќа по пошта или не, копија од индекс треба. Убаво си пишува во конкурсот кои документи се потребни.
да ама не ги земаат кај нив и без индекс не ти вредат ништо, барем мене лани ми ги вратија веднаш, годинава за продолжување не требаа копии само индрксот.
Имаме 11 предмети со тоа што по еден од тие предмети немаме оцена туку само печат. И воопшто не ни е внесен во iknow а во индексот ни пишува дека носи 2 кредита со што го исполнува условот за 30 кредити по семестар. Прашањето ми е дали се гледа тоа 80% положени предмети по кредити или по оцени?
@macapasha на мојот факултет не е задолжително да се земаат оценки во индекс.. не можам само со iknow?