Во МОН на шалтер индексот го бараат проверуваат дали се точни податоците а I know ти е само за на факултет о затоа мора да имаш оцени во индексот
Индекс на увид се носи за да видат и запишат која година кој семестар го имаш слушано, да не случајно имаш квадрирано зошто тогаш не ти следува стипендија. Оценките во индекс немаат врска дали ти се земени или не, важно е сите да ти се внесени на iKnow за да ги имаш испринтано на уверението за положени испити кое го доставуваш во МОН. Информацијава што ти ја кажувам е точна, 5 години продолжувам стипендија, нема никаков проблем.
Zdravo, ako moze malce pomos na evidentniot list treba samo ime,prezime,br na indeks i naziv na fax li? I uste za uverenie za polozeni ispiti dekanatot li izdava? Fala vi odnapred
ме интересира како е продолжувањето на стипендијата кога ќе дослушаш 4та, зна чи сега слушам трета продолжувам со успех од втора, во 4 та продолжувам со успех од трета а со успех од четврта дали се продолжува пак?
Нормално дека не се продолжува ако факултетот ти е со четири години. Штом ти завршува статусот студент како ќе земеш стипендија? Евидентен лист? Да не мислиш на УППИ? Не сум сигурна на што мислиш, така да, за што полиња имаш во листот, сето тоа ќе си пополниш. Потврда за редовен студент и уверение за положени испити се зема од шалтер во деканат.
значи само три години следува стипендија а не за четири евидентниот лист треба за да се провери дали сите документи се донесени
Не мора да ги имаш сите оцени во индекс. Тие гледаат дали ти е заверен семестарот, затоа им треба индекс на увид.
Од несигурни извори слушнав дека се плаќало 1000 ден за поднесување за стипендија. Дали е точно и кога и каде се уплаќаат тие 1000 ден?
Зошто не сака да ми стигне линк на мејл за да го активирам профилот за да ја пополнам апликацијата? И уште едно прашање сите овие изјави, евидентен лист со пенкало треба да се пополнети или куцани?
Здраво Во прва година имав 12 предмети од кои еден ми е само со потпис а другиот ми носи 2 кредити. Дали овие два предмети треба да ги пишам во електронската пријава бидејќи немам оцени? Фала
Кај мене на уверението за положени испити го пишува Практична настава како предмет, а со тоа излегуваат 11 предмети, а веќе пишав 10 на уппи образецот. На студентски прашања ми рекоа дека нема да има проблем, затоа што само носи кредити, но не е предмет...
И јас го имам истиов проблем, пред 2 саати се регистрирав, уште ми нема стигнато мејл. Проверив и во spam и trash, нема ништо.