Здраво, сакам да ве прашам дали ви се има случено да имате 16 предвидени предмети а од нив само 12 положени, или некој со слична ситуација. Дали ви имат одобрено стипендија? Нели треба 80% положено ми испаѓа 12,8. Дали знаете као ги рачунаат дали 12 точно или 13 предмети? Благодарам.
До n,5 се зема помалата бројка, а за погоре од тоа се зема поголемата. Во случајов - 12,8 се заокружува на 13, значи не ти е исполнет условот за 80%.
Не, можеш да ги однесеш и друг ден, не мора на денот што си го селектирала. ******************* Јас аплицирав за стипендија од прва група(за висок просек) и сега имам еден проблем, ги имам положено сите 9 предвидени предмети, а уверение ми дадоа само за 7 бидејки по тие два предмети не ми биле внесени оцените во iknow, па сега ме интерсира дали со тие 7 би можела да земам стипендија, би било ли тоа проблем? Дали треба копија од електронската пријава?
За тие што не ви стига повратен емаил за да се најавите, да знаете дека треба да се регистрирате преку yahoo или gmail, така ми кажаа во министерство..
Да тоа го видов, но нема излезено објава за електронско пријавување 2019/20. На линкот последно излезено е за ученички стипендии за средно. Дали вие се пријавувате на линкот од лани 2018/19?
лани стоеше оломнанска година(2017/2018 и така сите се пријавуваа и ги прифаќаа имаше реакции до министерство велеа ќе сменат ништо не направија и така и годинава сигурно ќе биди
Доколку сакаме да аплицираме и за стипендија од 2 и од 3 група дали ни треба да имаме по два примерока од сите потребни документи(уверение за положени испити, евидентен лист...) ? Благодарам однапред
Ме интересира дали ако работиш хонорарно и примаш уплата на иста трансакциска со стипендијата има можност да ти ја укинат?