Дали прават проблем ако документите се однесат во различен термин од оној кој што сум го избрала на ел.пријава?
Сакам да аплицирам за 2ра група,а втор избор да ми е 3та. Дали ако не ја добијам за 2ра (над 8.5), за 3та (над 7) ќе се рангирам нормално, или ќе отидам најдолу? И дали има врска која ќе ја одберам електронски? Малце сум збунета, и може глупави ми се прашањава, ама стварно не се разбирам.
Факултетот ми спаѓа во биотехнички, па ме интересираше дали можам да аплицирам за втора група со просек над 8,5?
Можеш да аплицираш, ама јас кога земав бидејќи има голема конкуренција над 9.1 земаа втора група од кој и да е факултет, а трета група над 8.0 (иако мислам над 7 беше или 7.5, не знам точно). Аплицирај за двете групи, трета група секако земаш ако ти е просекот над 8.5. Нормално ќе се рангираш според просекот. Како што одговорив погоре, во принцип има голема конкуренција. Јас електронски би ја избрала таа што мислам дека ми е посигурна варијанта.
Треба да ја симнеш новата верзија на пребарувачот, ако ти е стара верзијата нема да сака, кај мене беше тоа проблемот, сигурно е и кај тебе тоа.
А дали ако електронски одберам 3та група, а на пријавата ставам прв избор 2ра, па втор 3та, ќе биде проблем?
Колкав просек имаш и дали си на технички факултет? Мислам дека нема да биде проблем што и да ставиш, и јас аплицирав за две групи колку што се сеќавам, ама пак ќе ти кажам, ориентационо распределбата на стипендиите оди над 8 за технички, над 9 за друг факултет. Со просек над 7 можеш само прва група да земеш, ако исполнуваш друг услов..
Не прават проблем. Во евидентниот лист, горе лево во табелата пишува ИД. За која група стипендија аплицираш, во таа графа внеси го бројчето. Не чекајте да ви вратат меил, не враќаат секогаш. Јас се регистрирав и не ми вратија, ама другиот ден си пробав се најавив, и беше ок, аплицирав без проблем.
Искуства со стипендии од Прва група, можно ли е да се земе доколку не сте студент од социјална категорија?
Здраво, пред малку аплицирав на сајтот за стипендии, но јас сум на информатички факултет таму бараат мин. просек 9.00, тоа не го прочитав бидејќи мислев дека мојот факултет припаѓа во техничките факултети, јас имам просек над 8.5 (просек за технички факултет), но под 9.0 колку што е потребно за стипендија на информатички факултет, дали некој знае за сигурно да ми каже дали е воопшто можно да добијам стипендија во групата на технички факултети иако сум на информатички факултет бидејќи за таму немам доволно просек? Ако не е возможно ќе ве молам да ми објасните како да го откажам терминот за носење на документите и онлајн барањето за стипендија?
На ФИНКИ си? Јас како што знам, за ФИНКИ има и за над 7 и над 8.5. @Cherry333 јас имам 8.5 (ФИНКИ). Грешно сум разбрала или?
Дечки ако сакаме да аплицираме за две групи само во таа пријавата се пишува приоритетот? И само еден пар документи се носат или два за двете групи? Баш за случајов конкретно, сакаме за трета да аплицираме, а како втор избор е социјалната. Ама нели различни податоци се бараат во пријавите... За третата група нема прашање за примањата, а за социјалната има. А важечка пријава се смета последната само. Ај хелп, да ме упати некој