Има стипендии за над 7.00 и 80% положени испити, 8.5 со 90% положени испити и 9.00 со 90% положени испити. Нормално стипендијата е различна..
Знам дека е различна, прашав да не случајно се имам збунето во врска со ступендиите за студенти на ФИНКИ.
наново пополни електронска пријава каде ќе внесиш за која аплицираш оти се важи последната пријава што си ја пополнила, и ќе пополниш друг евидентен лист.Најмал проблем е терминот за носење
Дали на Финки со просек 7 може да аплицирам за стипендија од Трета група. И дали е точно тоа дека над 30 000 примања неможеш да апчицираш за Прва група (дали ако не се потпуни бројот влегуваат и тие над 30 000 примања)
Кога кликам на линкот за електронско пријавување последен конкурс што ми се појавува е за ученички стипендии, дали е тој или треба да биде за студентски стипендии. Не ми е јасно, бидејќи гледам дека сте почнале да се пријавувате електронски, а јас не можам да го најдам конкурсот.
Дали може некој да ми каже што треба во оваа колона да се пополни?...Погоре прочитав дека ова го пополнуваат од министерство, но овде пишува дека пополнува кандидатот ?
Незнам дали можеш да добиеш, информатика не спаѓа во технички ама и да пробаш нема ништо да изгубиш. За информатика мислам дека нема за над 8.5 и над 7, тие се за биотехнички, математика, хемија такви некои.. А што се однесува за електронската пријава незнам дали може да се откаже, ама и да не може, ништо страшно.. Тој е. Го немаат сменато од лани Деловодните бројчиња од некои од документите, има на потврдата, уверението за положени испити, УППИ образецот, тоа што е заверено... се друго остави празно.. Да ако имаш вкупни месечни примања над 30.000 не можеш да аплицираш за прва група, за тоа ако не се пополни бројот малце потешко, има голема конкуренција,, а и не знам дали воопшто ги земаат предвид ако ти се поголеми примањата. Еден пар документи ти треба. Електронски ќе се пријавиш за онаа што ти е посигурна, а во барањето (евидентниот лист) ќе напишиш која ти е приоритет, а која втор избор.. Е сега во случај да не добиеш за трета група убаво е да си ги однесиш и документите за материјални примања (оние што се потребни за социјална) бидејќи можно е да не те рангираат за социјална заради некомплетна документација. Не сум аплицирала за прва група ама мислам дека најважни ти се вкупниот износ на месечните примања, треба да бидат до 30.000 ден.
Има посебна група за информатичари со просек над 9. Исто може да се аплицира и за техничките, тие со 8.5 и 7.
Минатата година имав аплицирано и се имав најавено електронски. Сега треба да се најавам со стариот или од почеток да се регистрирам, бидејќи се обидов да се регистрирам со истиот меил и ми пишуваше дека веќе постои?
Здраво на сите, имам едно прашање, па ако може да ми одговорите. Дали при аплицирање за прв пат неопходно е лично да се достават документите во МОН од страна на лицето кое аплицира за стипендија ,или може да бидат доставени и од друго лице? И уште ова, дали терминот што го имаме од електронската пријава е важен па мора да се достави документацијата точно истиот ден, во исто време? Многу ви благодарам
Уште ова да прашам. Електронски аплицирав за втора и трета група, а втората ќе ја ставам како приоритетна. Е сега, факултетот ми спаѓа во биотехнички, а втора група е за технички факултети. Прашањето ми е дали доколку не ми го важат факултетот во таа група(втората), ќе ја земат ли во предвид пријавата за третата група или автоматски ќе ме елиминираат?
Здраво сега откривам дека имам грешка во пополнувањето на еден од документите а воедно документите за стипендија ми се веќе испратени дали има некој искуство и дали е возможно документот што ми е пополнет погрешно повторно да се испрати ?
Имам прашање во однос на аплицирањето дали може преку телефон да се попуни апликацијата, има ли некој аплицирано така?
Здраво Кои страни треба да се копираат од индексот и дали треба да биде заверен овој зимски семестар?