Список со студенти кои добиле стипендија пишува дека ќе објават на 13ти јануари. Е сега дали тогаш и исплаќаат за изминатите 3 месеци, а ако не кога?
2017/18 аплицирано -> прва рата на 17.04.2018, втора рата 16.05.2018 2018/19 продолжена -> прва рата на 19.02.2019, втора рата 23.05.2019 Еве како било претходниве години, најверојатно и сега би било тоа време..
Секогаш, секоја година и за студентски и за средношколски исплаќаат на две рати. Само што тие што аплицираат првпат првата рата ја добиваат покасно од тие што продолжуваат поради процедурите.
Лани заради изборите, а можеби и годинава оти пак ќе има избори, ги исплатија на тие по прв пат што земаа сите наеднаш при крајот на мај.За продолжените не знам за лани како било.
Сакам да прашам дали ја продолжуваат стипендијата со просек доколку сте работеле пријавени во текот на летото од јули до 30 септември?
Има некој информација дали ќе бидат денеска објавени списоците со тие што добиле студентска стипендија? Или како и вообичаено ќе каснат?
Имам познат шо работи во Мон, вика уште од пред еден месец се готови резултатите, не знам зошто не ги објават ако се готови.