Читав низ темава дека за копија од трансакциска може да се приложи копија од кредитната картичка. Точно е ова? И дали важи за сите банки.
Честитки на сите што добија стипендија И мене исто така не ми е јасно што се подразбира под копија од трансакциска сметка? Дали треба картичката да се копира или нешто друго е во прашање? Конкретно за НЛБ ми треба.
За нлб мене лани ми дадоа посебно ливче со бр на сметката и да го копирам. А колешка на комерцијална и дадоа друга картичка со бројот и она тоа го копираше.
За копија од трансакциска сметка и мене не ми е јасно. Имам сметка во НЛБ, отидов на шалтер и така си кажав: “копија ми треба од трансакциска сметка” и ми дадоа ливче на кое што го пишува бројот на сметката(тоа ми го заокружија со пенкало) и други општи податоци за мене. ај баш кажете ми вие како правевте? не знам дали е така, веројатно така треба.
Фала ти, баш прашав бидејќи како што некои имаа кажано, лани како било и претходни години, првиот дел од парите го добивале пред Нова година, а вториот дел потоа. Сега резултатите доцна излегоа, дури вчера, па затоа прашав, можеби наеднаш сите ќе ги дадат.
16.500 мислам на Стопанска. Комерцијална и НЛБ мислам уште немаат пуштено, ако некој добил нека ме поправи.
16.500, месечно по 3.300 (социјалната) значи за 5 месеци. За успех, ако е за 5 месеци треба да биде 22.000
Тие што земаат прв пат покасно земаат од тие што продолжиле, колку што паметам. Можеби грешам, не сум сигурна баш како беше.