Да ве прашам нели за социјална освен нели материјална состојба треба и 80% од положени испити бидејќи има кај резултатите и одбиени што не добиле социјална стипендија поради што немале 80% положени испити,е сега како е можно да им е дадена стипендија на некои кои немаат 80% а други пак поради истиот факт се одбиени?
Дали на договорот треба да напишам датум на кој е склучен, т.е. кога датумот кога ќе го доставам или тие треба да напишат кога ќе го заверуваат?
Да ве прашам на халк банка транскациска може нели за стипендијата прв пат аплицирав, и дали да земам копија од трансакциска од банката, бидејќи имам картонче и картичка?
Јас немав такво картонче но секоја година праќав копија од договорот за отворање трансакцоска сметка, на првата страна го пишува бројот. Немаше никаков проблем, важно им е само бројот да го добијат и сметката да е на твое име.
Да прашам нешто. Земам пензија бидејќи сум со еден родител. Сега ќе земам и стипендија, социјална. Аплицирав, добив. Е сега да прашам, дали ќе треба од едното да се откажам или не? Прашував во социјалните служби,ми велат законот да сум го прочитала... Ако некој знае нека ми каже, или ако некој е во иста ситуација.