Добро е, се смилувале и за нас студентите Јас искрено немав надеж дека во скоро време ќе ни исплатат.
Еве што и одговориле на членката Вајда за сите важи и за тие што треба првпат да земат и за ние што чекаме втора рата
Тие што исполнуваат услови на кој начин ќе аплицираат, каде ќе извадат потврди за,редовен студент и за оценките кога не функционираат службите на факултетите. Пак некој со триста врски ќе си земе стипендија, многу сомнителен оглас во овие времиња.
Функционираат. Ќе ви завршат работа. На УГД работат барем. А овде ако не се лажам има мејл да пратиш документи, можеби во електронска форма треба да се документите.
На тие што земаат прв пат, втора група за талентирани не им е исплатено уште ништо или само кај мене е така?
Лани ја исплатија цела стипендија на крајот од мај, за тие што земаа прв пат, на другите им исплаќаат на двапати
Едвај чекам да ја пратат.. Знам дека моментално има поголеми проблеми од нашите стипендии но при крај сум со финансиите