На мејл кога им пишав кажаа дека во април ќе ни исплатат на сите. Не бев сигурна дали тоа важи и за нас, па им пишав повторно дали и за нас што земаме прв пат, рекоа дека важи и за нас. Па ај ќе почекаме, толку сме чекале..
Секоја година каснеле. И секогаш било следен понеделник ќе биде, па тој по него и гледаш 2 месеци поминале. Мај да ви исплатат добри ќе се.
Нека пратат што било, не мора целата наеднаш. Ептен е криза, а во јуни е глупаво да се исплаќа студентска стипендија, трошоци имаме пред тоа, во јуни треба се да ни е платено за факултет, партиципацијата е најголем трошок за студирање, а не секој има средства да си подмири трошоци во секое време.
Прва група, прв пат продолжена на НЛБ дали има стигнато кај некој? Знам дека кај НЛБ обично доцнат со исплаќањето ама да прашам
Јас сум на НЛБ ама не те разбрав прашуваш за продолжена или прв пат земаш? продолжените вчера земаа, кај оние прв пат што треба сите чекаат.
^ @Fallen.Angel Продолжена, втор пат земам стипендија Ниту кај колешката нема стигнато, не дека има кај да ги трошам ама нека си стојат на сметка...ќе им се најде крајот
Имам неколку прашања во врска со стипендиите онака да ми ги разјасните. Дали во прва година се смета и спорт како предмет или пак не, бидејќи не го полагаме? Јас во прва година според програма имам 16 предмети, но од кои еден изборен, еден спорт. Изборен не земав оваа година, бидејќи кај нас може до тек на 5та-6та да си одредиш кога сакаш да слушаш изборни. Прашањето ми е дали според ова во прва мене 14 или 15 предмети ќе ми се водат? И од тоа колкава бројка му доаѓа на 80-90% положени? Отприлика си правам пресметка, знам дека вие тука сите земате подолго стипендија, па таман ќе ми објасните. Чисто информативно ме интересира.
Се смета и спорт како предмет и ако имаш потпис ти е положен. Така да имаш 15 предмети, ако немаш еден изборен земено. Треба да се 80% положени од предвидените предмети за програмата, за тебе конкретно 80% од 16 предмети е 12.8, што значи 13 треба да ти се положени. Се надевам ме разбра
Годинава сестра ми аплицираше и го запиша спорт како предмет и никој ништо не и рекол во МОН. Не ме чуди и да не се смета со оглед на тоа што знаеме колку се одговорни и информирани во МОН.
Точно, се смета како предмет. Но, зависи и од Универзитетот. Давам личен пример: Минатата година студирав на УГД. Спорт не носи кредити и имавме потпис само во физичкиот индекс, а не и во електронскиот. Со тоа, спорт не влегуваше во предметите во уверението за положени испити и не се броеше како предмет. Оваа година сум на УКИМ. Овде спорт носи 2 кредити и го има во уверението за положени испити, така што се брои како предмет.
Ај имам некоја надеж дека деновиве ќе пратат вака пред Велигден.. Се нервирам ужасно ми требаат пари. Дали во секоја банка на ист ден стигаат? На НЛБ сум..