Пак им пишав, рекоа исплата во април, еве април помина. Веднаш ми вратија. Ај баш ќе видиме деновиве.
Им имав пишано меил пред ден-два на МОН кога ќе пуштат трета рата за ние што имаме продолжени стипендии, бидејќи втората рата беше преполовена. Па сега пред малку ми вратија на меил
Само лажат. Еден куп мејлови им пишав. Џабе ќе ми пуштат потоа кога веќе ќе се имам снајдено за пари за факултетот. А ако не се снајдам... е тогаш е лошо, а верувам многу има што не можат да се снајдат периодов..
И мене не ми е јасно како го одредуваат редоследот за исплата. По некоја логика прва група треба први да земат, нели социјална стипендија, најмногу потреба од пари имаме ..
Немаат сите од трета група земено. Исто така зависи и од банките кога ќе ви ги префрлат, МОН ги носат налозите истовремено за сите групи.
Дали има новости? Воопшто не се коректни од Владава... кај ни ги оставија родителите без работа а нас без леб па и стипендија не пуштаат.... А цела фамилија на таа стипендија чека.
Можеа барем на помали рати да исплаќаат за на сите групи во исто време да стигнат.. Мене 23к ми стигнаа, што нема логика затоа што треба уште 100 евра да пуштат. Подобро сегде по 100 евра малку по малку. Или барем прво на прва група, па на 2ра и 3та истовремено..
Како може да е до банките не ми е јасно. Ако од една банка ги имаат добиено парите од Мон, ќе ги пуштат на сите, не само на трета група, нели?