Не сакам да звучам како пензионерите, ама во оваа држава не се знае кој што прави. Ништо не е како што треба. Големи се шансите да не лажат моментално дека однеле налози само за да не замараме и да чекаме. Читав и лани и претходните години исти глупости правеле.
До сега што ми кажувале добивале сите истовремено, некои 2-3 дена порано/покасно, нели зависело од банката. Ама сега колку време помина, не ќе да е до банките. Јас и сите што ги знам од втора група денар немаме добиено.
Ми стигнаа мене денес 30.800 за втора група, прв пат на НЛБ. 39.600 беше вкупно нели, уште 8.800 накнадно ќе пуштат ваљда за останатите два месеци. Има некој што зема прв пат што му е стигнат целата сума сега?
Здраво на сите, дали имате инфомрација дали воопшто постојат стипендии за студирање во Словенија ? Бидејќки велат дека таму фалкултетот не се плаќа и тоа е како стипендија.. Ви благодарам за било каква информација.
И јас чекам исплата за прва група прв пат на НЛБ.. Не знам веќе, секој ден проверувам, пари ми требаат ужасно..
Некои колеги што се на НЛБ знам добиле, јас сум на Стопанска и кај мене уште нема. Втора група сум, околу 39.000 треба. Мислите дека ни ја скратиле стипендијата заради ситуацијава?