Јас не разбирам искрено како функционира сево ова,ако МОН има пуштено налози за сите групи зошто сите корисници не ги добиваме во исто време?..Да не бидам сфатена погрешно ама во оваа доба мислам дека на сите ни се потребни... Ако има нешто прва група пишете ако не ви е проблем, бидејќи јас сум на стопанска а гледам последни исплаќаат..
Искрено веќе почнав да мислам дека банката нема никаква врска со ова, туку ќе излезе дека нив не им се пуштени парите. Да, стопанска ги задржува, ги пушта по 2-3 дена демек, ама на втора група пред една недела им исплатија другите банки, Стопанска уште нема. Не ми е логично.
И јас се надевав дека денес ќе има. Ама не можам веќе стварно. Пак ќе пишам мејл на МОН. Уште од кога им пишувам и само лажат, април ќе имало, немаше.. Пак пишав рекоа налозите биле однесени во банка. Не знам како оди исплатата, ама не е во ред, кај некои има кај некои нема. По некоја логика прво требаше на прва група, ем најниска е стипендијата ем најпотребна е на таа група.
На 29 април ми вратиле дека однеле налози и дека деновиве ќе има исплата, и затоа сега прашав кога, кои се тие денови... Веќе сум досадна и напнувам ама ептен сум револтирана.