Сумата на 1 и 3 група е иста, немојте така да судите дека на прва група е најпотребна, на другите не. На сите им е потребна! И јас што сум 3та група аплицирав и за 1 бидејќи ги исполнувам условите, ама ме немаше таму во списоците. Треба да си го имате во предвид тоа дека доцнеле, доцнат и ќе доцнат со исплатите, но секако ќе ви исплатат - за да не се нервирате без потреба. Честитки и со здравје да си ги трошите
Потполно се сложувам, и јас исто така според критериумите спаѓам во прва група, но поради други одредени компликации не бев во можност да аплицирам за истата. Исто така знам луѓе и оваа и минатите години кои со сигурност не спаѓаа ви прва група, но сепак аплицираа и ја добија. Неправда секогаш имало, и ќе има, на сите ни се потребни пари, јас сум благодарна што воопшто постои вакво нешто, барем малку да са нѐ извлече од ситуацијава. Имајте убав ден и со убаво да ги трошите парите
Здраво, дали некој има информација околу стипендиите за студирање во Словенија ? Таму студирањето е бесплатно и велат дека можеби тоа е како стипендија што ја обезбедува државата. Но сепак јас да прашам. Благодарам однапред за било каква информација
Да ве прашам во однос на продолжување на стипендии, од вкупно 18 предмети во прва и втора за 80% положени ми излегува 14.4. Се бројат како 14 или 15 положени?