Јас мислам дека ние што земавме стипендии од прва група нема да ни пуштат, еве јас немам пишува дека не ме следува а колешка моја што не зеде стипендија 3000 ден и се одобрени
Нема врска сестра ми зема стипендија и и следува и доби 3000 без разлика сите студенти треба да добијат
Епа незнам што е работава, од нашата група сите имаат земено, освен јас и уште една колешка што добивме стипендии
Не знам како е во другите банки, но да знаете доколку сте на НЛБ треба да влезете на нивната страна и да внесете податоци за да почнат да ви ја изработуваат картичката.
А како проверивте дали сте земале картички кај мене не работи сајтот пробав 100 пати највеќе што успеав е да внесам матичен број и пак не сака
Нема врска.. Јас сум на НЛБ и денеска ми стигна порака дека ке ми ја пратат на домашната адреса не треба никакво ажурирање податоци
Не мора да чекаш да ти стигне, јас вчера ги внесов податоците, а пораката ми стигна денес. Влези на страната на НЛБ и пополни си, потоа треба само да ти стигне потврден мејл дека ги примиле податоците.
Епа ова е само за адреса каде да ти ја пратат а не да почнат да ја изработуваат картичката со овие податоци
Здраво, сакам да прашам дали знаете дали може летово 3 месеци да бидам пријавена со пола работно време а притоа да не смета на стипендијата и редовноста на факултетот бидејќи сум редовен студент на филозофски?
Па во лето и онака не се оди на факултет нема зошто да ти смета, а и ако стипендијата ти е од втора, трета, група од тие што беа со успех, нема врска дали си вработена или не
Факултетот нема врска со АВРМ или МОН, ако не им кажеш никогаш нема да дознаат. Јас 3 години со прекини работам со полно работно време, на факултет се водам како редовен студент и земам стипендија. Воопшто не се замарај, никој не забележува.
Девојки, Дали ви стигнала втора рата стипендија? Само во март една рата 20 илјади префрлија и тоа е.. инаку зборувам за втора група..