Да прашам уште нешто. Прва година на факс не успеав да имам 9ка просек и немав шанси за стипендија. Дали доколку направам убав просек и сакам да аплцирам оваа година, ми се рачуна вкупниот просек од сите испити, или само од тие од втора година?
Се рачуна вкупен просек и 90% положени предмети вкупно. Ама ова за втора група. Инаку има стипендија и за понизок просек, барем мои колеги земаа. Не знам на кој факс си, зашто мислам не е секаде исто.
На правен сум јас. Не сум многу упатена, само знам дека бараат 9.00 просек. И како оди тоа со групите? Нели треба да се две, една за просек и другата социјална? Немам појма..
Три се, втора е за просек, од другите две една е за социјални, другата не сум сигурна за што точно ама од таа кај мене колеги земаа со минимум 7,5 просек. Инаку имаше нешто разлика дали студираш природни или општесвени науки. Ама сепак нека ти каже поубаво некој поупатен.
За правен и другите општествени науки бараат 9. Доколку го кренеш просекот секако дека можеш да аплицираш следната година, ама ќе ти се сметаат сите оцени, не само од втора година. Инаку 3 групи се за стипендии: прва е социјална, втора за успех за општествени науки, медицина и информатика и третата е за хемија, биологија, математика итн.
Случајно денес ми текна да проверам состојба на сметката, одамна немав проверено. Ми ја исплатиле денес последната рата, НЛБ - трета група, прв пат.