Зависи од факултетот. Ако си запишана на медицински или на еден од техничките факултети, тогаш можеш да аплицираш со тој просек што го имаш. Но, ако си запишана на еден од факултетите поврзани со општествените науки, уметничките факултети или на филолошки, тогаш треба да ти е минимум 9.00. @Принцезичка1 никако немој да помислиш да прикриеш оценка. Просекот можеш да си го подобриш, но ако прикриеш оценка, можеш огромен проблем да си направиш. Прикривањето е кривично дело, па затоа немој себеси да се ставаш на ризик.
Дали ако работам летоска, а сум пријавена може да ми направат проблем, односно наредна година да не земам стипендија? Инаку земам стипендија за просек.
Девојки, за продолжување на стипендија се аплицира во октомври? И што ако не ги имаме положено сите предмети дотогаш?
Мислам ноември се продолжува и си стои тоа дека 80% од предметите треба да се положени ако не се тогаш ја губиш стипендијата
И за втора група важи тоа со 80%? Значи предметите од летен семестар мора да бидат положени или во јунска или во септемвриска сесија, не подоцна?
А веќе кога стана збор за продолжување.. Која е процедурата, кои документи и каде се носат? излегува ли конкурс за продолжување?
Излегува конкурс и таму пишува кои документи треба,кои услови и кога треба да се однесе побарај си конкурс од оваа година и ке видиш кои документи барале
Уште едно прашање... кога стипендијата се продолжува просекот се пресметува земајќи го во предвид целокупниот успех и од прва и од втора година или само оној од втора?
Кога станува збор за продолжување, јас во последниве четири години повеќепати ќе го испуштев рокот, знаат некогаш и да не објават. Најубаво следи тука, членките вообичаено пишуваат и тоа ме потсетувало (претходните години рокот бил до 30 Октомври). Извор: http://mon.gov.mk/index.php/2014-07...43-soopshtenie-za-prodolzhuvanje-na-stipendii
Дечкии дали ако работам три месеци во Мк и да сум осигурана дали ќе може следната година од прва група социјална што е дали ќе ми ја укинат?
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија и кои ги исполнуваат следните услови: 1. да се редовни студенти; 2. да не повторувале година во текот на студирањето; 3. да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании; 4. да се државјани на Република Северна Македонија. Стипендија деф.: Месечна парична поткрепа на ученик, студент или научен работник. Употреба: Образование Според ова што пишува, тогаш ви следува стипендија. Претходните години имам "работено", т.е бев пријавен како практикант за што замав средства и не ми прекинале стипендија. Извор: http://www.mon.gov.mk/index.php/konkursi/2932-2019-2047 Едит: Пс. не ги знам условите за прва група (или која и да беже за со социјално), можеби ова би сменило нешто
Прашај си во министерство најдобор, инаку мислам дека нема да имаш проблем, земаш за просек, ако земаше социјална е проблем.
Имам прашање, каде има информација за колкав просек треба да задржам за да можам да ја продолжам стипендијата? Или останува истиот просек како при аплицирање прв пат?
зависи во која група си, останува просекот при аплицирање. На пример за трета група ние треба да одржуваме 7 просек или 7.50 не сум сигурна како беше