За продолжување на стипендија 80% треба да пресметам од предметите во прва и втора заедно или само од втора?
Здраво девојки,сакав да ве прашам за оние 6.000 денари ваучер што ќе ги доделуваат од државава за студенти за партиципација,па дали некој можеби знае кога е рокот за пријавување и како оди таа постапка. Ви благодарам однапред.
Здраво девојки, сега од октомври ќе бидам втора година и сакам да ве прашам дали знаете до кој датум се аплицира за стипендија или каде можам да проверам? На страницата на министерството не најдов ништо за 2020/2021.
Затоа што сеуште нема искочен конкурс, има време кај брзате конкурсот искача крај на септември, почеток на октомври зависи
Дали некој знае дали може да се земе стипендија од смерот радиолошки технолози на медицински факултет скопје?
Кои се условите за продолжување на стипендија? Дали освен просек има врска ако се запише предмет по трет пат и се премине од државна во приватна квота?
Здраво, сега се запишувам на прв семестар на уким и ме интересира дали можам уште годинава да конкурирам за студентска стипендија или треба да почекам, зашто колку што видов за повеќето стипендии еден од условите е одржување на просек? Исто имам уште едно прашање кое можеби не е за во оваа тема ама гледам дека повеќето тука веќе студираат па претпоставувам дека некој би требало да знае - дали има можност за префрлување од приватна во државна квота после втор семестар?
А, какви стипендии всушност има? Не можам никаде да најдам ништо. Просек колку треба да е и дали има врска примања на родител и слично? @Perelex @nevermet18
Од втор семестар не. Ни во втора година не. Ама во трета година, ако ги имаш земено сите испити од прва и втора и имаш просечен успех од 8.5 можеш трета година да се префрлиш во државна квота.
Не можеш уште одма да конкурираш за стипендија. Тоа дури трет семестар-втора година, ако ги исполнуваш условите.
Ланскиот конкурс не можев да го најдам ама еве го тој од полани. https://vlada.mk/mon-stipendii-2018-2019?ln=mk