Ти одговори nevermet за државната стипендија па би додал само дека има и стипендии од приватни компании/фондации и од други земји, но за нив треба да ги пратиш, да се интересираш за нив, да ги знаеш вистинските луѓе и слично.
А од државна со кофинансирање може да се префрлиш од 400 на 200 евра со просек 9,9 сам си бараш или од факс ти кажуваат? Пошто се потпишува договор, значи наново би требало да се потпиши нов со новата сума
Ај помош, на економски сум 4та, досега земав стипендија ама сега ми останаа 3 испити еден од летена 2 од зимски значи од запишани 23 имам положено 20 што мислите дали ми следува и оваа година стипендија
Здраво дали добиена стипендија од фон што сум ја добила како награда оваа година може да се искористи после неколку години?
Здраво, дали државјанство документот копиран ќе го прифатат? И дали треба да вадам ново државјанство документ ако веќе имам, ама ова ми е од прва година факултет? Фала ви!
Треба прв пат да продолжам стипендија, ако може некој да ми каже кои документи се потребни, затоа што ниту еден од документите што беа објавени и што ги најдов не ми се отвораат.
За социјална стипендија (прва група) треба пак да се носат извештаи за примања и слично? Може некој да ми каже точно кои документи треба?
Нема ни да има соопштение, во договорот прв пат што се потпишува, пишува дека до 30ти октомври е рокот за продолжување, треба УППИ образец, уверение за положени испити, индекс, и потврда за запишан зимски семестар.