Не знам ни што документи треба да доставам за продолжување ниту дали се уште ми следува стипендија. Ве молам за помош, кои документи се доставуваат? И дали се уште ми следува стипендија сега откако се омажив и сум со друго презиме? Исто така се префрлам моментално процедурата е во тек. Останувам на ист универзитет, иста насока само се менува градот, од Штип студиите ги префрлам во Гевгелија. Што треба да доставам? Мислам за префрлањето на кој начин да ги известам?
Здраво за пресметување просек дали истиот се дели само со бројот на положени предмети, или со вкупниот број ( положени и неположени )
Дали почнавте да носите документи за продолжување на стипендија во мон или ќе чекате да излезе конкурсот за продолжување?
Конкурс за продолжување не излегува ти пишува во договорот дека секоја година до 30 октомври треба да ги доставиш документите....
Може јас погрешно се изразив. Не конкурс, туку како соопштение на страната на МОН излегува. Го објавуваат и УППИ образецот со ажуриран датум (2020/2021). Прашањето ми беше дали ќе го симнете ланскиот УППИ образец и ќе поднесете документи пред да излезе новото соопштение или сепак ќе почекате?
Имам едно прашање во врска со продолжување на стипендијата,дали оценките мора да бидат внесени во индекс,затоа што сесиите сите беа онлајн и во индекс оценки немаме внесено,или доволно е од уверението за положени испити да ги видат оценките?
Што мислите дали вреди да поднесувам документи за продолжување бидејќи ми останаа уште 2 од летена и 1 од зимски односно од 23 запишани положив 20
Мислам дека не мора да се во индекс сите оцени штом ги имаш на уверението нема да ти прават проблем..