Здраво да ве прашам во врска со ваучерот од 6000ден за партиципација и сместување во врска со потврда за последна исплатена плата на вработени членови на семејството - дали тоа треба да биде последна исплатена плата за 2020 година или пак за 2019 година бидејќи услов е да просечни приходи за 2019 година да не се поголеми од просечна исплатена плата за месец март 2020 година.
Јас како што сфатив мора да биде потврдата од последната исплатена плата за 2020 год, бидејќи не верувам дека работодавецот може да ти даде сега потврда за последно исплата плата во 2019г, кога уште не ни беше почната пандемијата....по некоја логика се бара по се изгледа потврда за последната исплатена плата. Е сега зошто е за последната кога првично беше за месец март не ми е јасно....
овие податоци се земаат од УЈП исто како за стипендии, мене ме интересира дали е просечна плата или минимална оти просечната во март била 26 000 а првично кога објавија за ваучери беше за плата не повисока од 15000, и пишува дека е за со низок доход а после велат просечна плата а тоа е контрадикторно.
Колку што знам се носат и двете баш затоа што треба да се совпаѓаат внесените податоци од индексот со уверението за положени испити. Како без пополнет индекс?
Индексот не се носи за оцените туку како потврда дека имаш запишано семестар. Оцените се гледаат од уверението и плус во iknow ги имаш.
Јас секоја година аплицирам а 70% од оценките ги немам во индексот. Него го приложуваме за да докажеме дека имаме запишано нов семестар.
Само менуваат нешто. Сега пишува дека може да аплицираат тие што немаат приходи дома поголеми од просечната плата во месец Март. Во Март просечната плата била 26.400 денари. Е сега само не знам дали треба потврда за плата за Декември 2019 или за сега последната плата Август/Септември. Нема логика да е од лани, ама според тоа што го напишале за тогаш ќе е изгледа.
Од УЈП се вади документ за ланскиот просечен приход по вработен, тој не треба да биде повисок од просечната плата во март 2020
Здраво, сакам да прашам дали можи да аплицирам за стипендија иако сум вработена и осигурана на пола работно време?
Sakam da ve prasham,za apliciranjeto za povratok na participacija za fakultet.Dokolku clenovite doma ne se vraboteni i nemaat mesecni plati,vo poleto za posledna plata ne treba nishto da se vmetne?
Здраво дечки, да прашам за аплицирањето за повраток на партиципација дали треба прво да се аплицира и да се чека да вратат на мејл нели до 10октомври треба ии дека е потврдено од нивна страна и после да се пратат документите ИЛИ од кога ќе се соберат докумените тогаш да се аплицира?
За еднократната помош од 6.000, има некаде информации на некоја страна да прочитаме, да не нагаѓаме? Јас најдов една објава од Јули и не знам колку е точна, а читам погоре има различни мислења, некои викаат извештај од последна плата, некои од 2019. Деновиве сакам да ги предадам документиве бидејќи нема многу време, па доколку некој знае точни информации нека каже. Едит: Исто така, дали приходите треба да бидат колку минимална плата (околу 15. 000) или просечна плата (околу 26. 000)?
Dali site dokumenti so se navedeni tuka treba da se dostavat, posto vo ona sho e za apliciranje ima pomalku
Според членот 5 освен одредени изјави, се бара и уверение за положени испити и УППИ образец, а доколку аплицирам електронски не ми ги бара тие две. Дали треба да се донесат тие дополнително или како оди процедурата?