Звонам во Министерството за да прашам дали може да се искористат истите документи за продолжување на стипендија и никој не крева телефон. Дали ти доби повратен одговор?
Зошто воопшто ги прашувате, значи за таа поддршкаата требаше скенирани да бидат, а за во министерство ви треба во хартиена форма истиот документ што сте го скенирале.
Здраво, дали студент кој годинава требаше да биди апсолвент, односно да има завршено со студирање, а моментално запиша 3та година има право да конкурира за стипендија? Јас колку што знам мора редовно да се запишуваат годините и да се дипломира во предвидениот рок..
Да, добив одговор. Може да се искористат. Само ќе извадиш ново УППИ за продолжувањето на стипендија, да не заборавиш. П.с. никогаш нема да ги добиеш на телефон, а на мејл враќаат дури и во недела. Затоа што сепак се документи за 2 различни работи, иако ги испратив како скенирана верзија за ваучерот, од кај да знам дали ќе ми кажат зошто имаш ист документ со ист архивски број и за 2те работи, зошто нов не си извадила итн. Не дека ќе проверуваат нешто де, ама ми требаше сигурен одговор. Ko pita, ne skita.
Јас прашав за уверението за положени испити, што кај нас е висока сума. А УППИ образецот што го заверуваат е различен за аплицирање за ваучерот и за стипендијата поради тоа што си пишува најдолу за која намена е. За овој документ мислев членката погоре да си извади нов.
денеска однесов документи за продолжување стипендија на еден роднина ама кажав погрешна група. Тој бил трета, а јас кажав втора, и така му залепија на документите бројче/ отпосле ми кажа дека сум грешка. Ќе има некој проблем за тоа, или да се враќам утре да кажам дека е за група друга?
дали некој од вас има пример како се пополнува табеларниот преглед на број на предвидени и положени испити во уппи образецот?
.......како докази дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија. Се рачунаат сите испити заедно, на пример од прва и втора година за ова со процентот, така? (Прашање до тие што продолжуваат стипендија)
Дечки мој другар денес оставал документи за продолжувале стипендија и не му побарале телефонски број, а на останатите им барале. Дали би имал некаков проблем?
Здраво девојки,сакав да ве прашам во врска со продолжување на стипендијата,оценките не ми се внесени во индекс,па дали ќе направат проблем поради тоа дали знаете?
Не, оценките ги гледаат од уверението, во индексот гледаат заверени и запишани семестри и одма ти го враќаат
Ај ве молам пешете што треба да се однесе за продолжување на стипендијата, јас извадив УППИ, го копирав индексот и друго што?
Не треба копиран индекс, само уппи, уверение за положени испити, потврда за редовен студент и индекс на увид
Zdravo sakam da apliciram po prv pat ovaa godina pa me interesira dali e potrebno izvod nesto ili drzavjanstvo da se odnese ,nemozam da najdam konkurs od lani ?