За стипендии најпрво треба електронски да се пријавите,по пријавувањето ќе биде истакната прелиминарна ранг листа,а потоа конечната листа на студенти кои ќе земаат стипендија.Потоа потребните документи ќе ги однесете во министерство за образование.Во случај да не ви одобрат стипендија,ако ве нема на конечната ранг листа,што не ви посакувам,ЗАДОЛЖИТЕЛНО поднесете приговор и ви гарантирам дека по приговорот ќе ви одобрат. Јас исто така аплицирав за стипендија,ме одбија и поднесов приговор и по приговорот ми одобрија,а им одобрија на сите студенти кои поднесоа приговори. Значи ако се случи тоа,не губете надеж и задолжително поднесете приговор! Јас ви посакувам се` да биде во ред,да бидете меѓу првите кандидати кои ќе земат стипендија и со здравје да си ги трошите паричките на што ќе посакате
Дали некој знае на која страна ќе биде објавен конкурсот за стипендии за средно образование? И кои документи треба да се достават... Јас имам просек 5.00 од прво одделение но никогаш не бев известена за стипендијата... Благодарам однапред
Стипендиите за средно се објавени уште пред еден месец..... на www.mon.gov.mk а за на фах шо ќе прајме за стипендија? јас имам 8.8 просек... ако кренат 9 ексик...... да не знај некој нешто??
нема ништо ново лани излегол на 6 ноември, а оваа година може и порано да излезе,а ко видете нешто ново одма пишувајте мора да аплицираме 3500 кој ти ги дава
За порано дека ќе излезе конкурсот не верувам...Ме интересира само дали на тие студенти чии родители имаат поголеми примања не им даваат стипендии или..??
па да девојки пишете одма кога ќе го објават конкурсот за стипендија инаку како што јас сум информирана прво гледаат од каде си а предност имаат тие од провинција потоа се гледа на тоа колку примања имаат родителите баба дедо брат сестра, па на крај се гледа просекот. јас имам просек 9,8 ама веќе изгубив надеж дека ќе ми доделат стипендија ама сепак сакам да се обидам
Јас колку што знам само примањата,не се бара имот... А ете јас имам брат,но брат ми не живее со нас..И сега??
Барав на страницана на МОН ама не можам да најдам за средношколските стипендии... Ако може некој нека го постира линкот тука. Благодарам однапред
Little-one напиша:Барав на страницана на МОН ама не можам да најдам за средношколските стипендии... Ако може некој нека го постира линкот тука. Благодарам однапред Мислам дека имаше линк некаде на претходните страници... Линкот е од главното мени на МОН. Но подетално нема.. Барав ‘‘Стипендии‘‘ ама не ми излегуваше. Зато побарав ако го има некој точниот линк...
девојко многу лошо си информирана, за голема среќа не си ти во Мин. за образование и наука па да ги делиш студентите кој се провинција а кој не се . Најпрво се гледа просекот, па имотот , па примањата на родителите а далеку од тоа дека на баба ти и на дедо ти.
Па нема да го напишеш брат ти. Само ќе ви кажам да внимавате да ви бидат точни информациите на електронскиот поплнување и на документите што се испраќаат. Најчесто се прават грешки во платите на родителите-значи треба точно до денарче да ја напишеш сумата. Ако си пријавила електронски 12 002денари, мора и на потврдата што ќе ја земе родителот од работното место да е 12 002
Драга Ким се вади и имотен лист, но најчесто кога ќе вадиш кажуваш дека ти е за стипендија и не ти пишуваа ништо(мислам не ти го пишуваат целиот имот)
Не знам можеби сум грешка така имам слушнато така пишав и не пишав за да се навредат тие што се од провинција туку тие имаат предност затоа што плаќаат студенски домови па превоз за до ск и назад дома и ми имаат кажано дека просекот е на последно место
http://konkursi.mon.gov.mk/cgi-bin/MON_konkurs.exe еве ти линк ама за да видиш шо треба да напрајш какви документи ти требаат..... јас имам една другарка која поднесе барање за стипендија од пред еден месец директно во скопје во министерството за образование.... види какви документи ти требаат и ако си од скопје оди до таму... ако не... има број на страната и јависе прашај....
Што има врска Министерството тука? Тоа не кажува кој е провинција, а кој не! Се знае: Скопје е главниот град, а луѓето кои живеат надвор од него, односно во другите градови се од провинција. Simple as that.