Можеби не се сеќавате, повеќе документи се, пополнувате, потпишувате, давате. Ама океј, штом така велиш. Кога и да аплицирам, дали за студентски дом, дали за стипендија, ваучер итн. секогаш сум ја пополнувала оваа изјава, во спротивно документацијата е невалидна кога ти фали документ. Можеби од 2014-2018 само кога вадев документи за приходи од УЈП, уверение за државјанство, не била вклучена во документите поради тоа што ние ги обезбедувавме, додека сега МОН по службен пат и заради тоа е изјавата.
Можеби, ама чудно е неколку луѓе да не се сеќаваме баш на овој документ. Не знам, ете можеби грешка сум.
Јас пополнував претходните години и за потесното семејство, сами таму на шалтер ми кажаа дека не треба. Доволна била само мојата согласност. Сами ми ги вратија другите изјави. Оваа година изјавата е изменета, има опција и за потпис од другите членови. @chocolateheart Јас да прашам бидејќи има некои измени годинава ако се аплицира онлајн нема потреба таму да се носат документите?
Каде да ја најдам електронската пријава што треба да се пополни? На линкот од конкурсот никаде не видов. Исто да ве прашам, мора да бидеме регистрирани во ујп?
https://konkursi.mon.gov.mk Тука се пријавуваш електронски, тоа ти е е пријавата, без оглед како ќе ги доставиш документите овде мора,да внесиш податоци и да закачиш документи.
Прв пат аплицирам за стипендија и исполнувам услови за 3 групи. Дали може да се аплицира за 3 стипендии online или мора физички? На конкурсот стои дека приоритетната листа се пополнува на евидентниот лист кој се носи при физичко пријавување. Исто така ме интересира што значи “по приоритет”? Дали доколку не успеам да добијам стипендија од прва група по приоритет, би ја добила таа која ми е втора на листа со исти шанси како сите кои конкурирале или би ја добила доколку има место? Малку е конфузно, па затоа би ве замолила доколку некој знае да ме насочи.
ne e taka biras ili apliciras onlajn ili hartieno ako nosis hartieno nema potreba nisto da pravis onlajn i obratno taka mi kazaa od mon
Верувам дека електронска пријава секој мора да има. Претходно така беше. Е сега ако не сакаш да ги носиш директно таму, тогаш ќе ги скенираш плус и прикачиш документите. Но, пријава мора секој да поднеси. Нека ме поправи некој ако грешам.
Мислам треба електронски во двата случаи само што на едниот начин ги носиш директно во МОН а на другиот ги скенираш и ги прикачуваш електронски.
https://konkursi.mon.gov.mk Тука се пријавуваш електронски, тоа ти е е пријавата, без оглед како ќе ги доставиш документите овде мора,да внесиш податоци и да закачиш документи.
Какви документи треба и каде да се внесат податоците, затоа што јас се најавив преку услуги.гов.мк, однесов барање за регистрација до УЈП и последната најава не можам да ја остварам, таа што е за префрлување од основно на ниско ниво. И да, ме дава најавена на конкурси.мк ама не ми дава дел за прикачување на документи. Што треба да направам или каде можам да се обратам за некој да ми помогне ако може да ми кажете ќе ви бидам многу благодарна!!!