Не мора од УЈП директно. И мајка ми и татко ми зедоа декларација (за во студентски дом кога аплицирав) од работното место. Да, декларацијата е од УЈП, ама си имаат и во книговодство на работа примерок, така да, и декларација и потврда од плата можеш да земеш.
Има некој шо поднесе документи електронски за стипендии веќе? На крај ви пишуваше бројче од апликацијата? Дали тоа значи дека успешно си аплицирал?
Не ја даваат од ујп туку ја дава газдата, или книговодителот. Кога се пушта последната плата добива и такво ливче кое е поминато низ банка (заверено). Ова важи за приватни фирми. Татко ми има своја фирма во која е вработена мајка ми, мене истото ми требаше за оние ваучерите за семестар што ги доделуваа па затоа знам. Само прашај кај газдата и он ќе го земе од книговпдителката. Не плаќавме ние ништо. Јас тогаш дадов и фотокопија. Ако аплицираш електронски тогаш само сликни го и готово не мораш ни да го земаш.
Дечки едно прашање, Ако некој кој има предвидено да го заврши фак. за 4 години ама продолжил и петта (значи не повторувал години, туку презапишал предмети) има право на стипендија ? Бидејќи е наведено само да не повторувал година па не знам сега како се рачуна таа петта?
Здраво . Сеуште не пробав да се пријавам електронски. Ме интересира дали може електронски да се аплицира за 2 стипендии или да си аплицирам хартиено со евидентен лист, бидејќи таму може да се напишат две групи.
Мислам дека напишаа тука дека за 2 стипендии мора да одиш лично да доставиш, зошто нема да знаат дека си аплицирала за 2 или така нешто.
Дали има некој искуство да каже.. дали доколку се исполнуваат сите услови освен тој положени маф 80% од предмети има некаква шанса за стипендија?
Дали и вас вака ви стои за прикачен фајл? Ова значи дека успешно ги имам доставено нели? На мисла сум дали лично да ги носам, да не речат не сум пратила електронски.