Дечки дали може да се земе стипендија за четвртата група доколку не сме биле корисници на стипендија за талентирани ученици во средно?
Здраво на сите. Прв пат аплицирам за стипендија годинава па затоа ќе ве прашам две едноставни и глупи прашања. Прочитав дека треба да се пријавиш електронски и таму да ги вметнеш документите дали само тоа е доволно? Некако ми е прелесно за да биде само тоа. Претходно прочитав тука дека треба да имаш нешто барање за регистрација од УЈП? Второто прашање ми е дали треба само тоа што е побарано во опцијата да се слика и прикачи или нешто да се достави во МОН лично? И дали може со телефон да сликам и прикачам или мора да се скенира? Ви благодарам.
Здраво на сите.Прв пат аплицирам за стипендија па би сакала да ве прашам.Дали треба некој документ или потврда за членовите на семејството што се невработени?
Ако пишува дека тие по службена должност ќе си набават информации тогаш не треба, не знам за прва јас втора група земам
дали некој што аплицираше електорнски после кога ќе сака да промени му ѓи дава да ѓи види прикачените документи или не(ми е став немој да не се прикачени хелп)
Дали ако сакаме да аплицираме за две категории на стипендија, мора да ги однесеме документите во МОН, или може и електронски да аплицираме?
Само тоа е. Нема врска со ујп, следи ја постапката според конкурси што пишува имаше и фајл чекор по чекор како се аплицира. Само тоа што се бара се прикачува.
Јас ги однесов документите физички во министерство , но не ги прикачив електронски него само напраив електронска пријава . Дали е во ред така ?
Можи да ми пишиш како го пополни евидентниот лист? И јас сакам да ги однесам физички и кај треба и како да се направи електронска пријава?
Здраво. Да ве прашам дали за прва група е задолжително да се носи декларација за примена плата и потврда за последна исплатена плата или може само потврда ? Ви благодарам.
Кај родителот имаат Корона на работа. Дали ја има некој уплатницата што треба да ја однесам во ујп за да ми дадат потврда и декларација за плата? Каде точно во ујп на кој шалтер е тоа знаете ли? Нека ми пише некој ако вади утре документи од ујп.