Jaс одговор на жалбата добив кога започнав 3та. А парите ги добив по 2-3 месеци сите одеднаш. Така да не се откажувајте Инаку, бидејќи во втора не фатив услов за стипендија, си поднесов за кредит и така трета кога бев ми стигнаа парите од стипендијата (за 1ва год), а парите од кредитот (за 2ра) еве сега ги исплаќаат. А сега требаше да сум 4та година, па еве споредете си кога вие ќе ги добиете парите.
Да не знае некој што бидна со резултатите од повторениот конкурс за тип В стипендија? Нели требаше уште на 31 март да бидат објавени, и се уште нема ништо?????
И јас сакав да ве прашам истото, дали некој знае кога ке има резултати од последните стипендии, требаше на 31 март ама ете уште си чекаме и чекаме
денес ми стигна договорот за стипендијата и сакав оваа радост да ја споделам прво со вас... многу сум хепии... сега уште парите да стигнат и готово.... КОНЧНООООООООООО...........
Хе хе , мене ми стаса договорот пред една недела...ама пари малку потешко ... ЗА СЕКОЈА РАБОТА ВО ДРЖАВАВА ТРЕБА ДА Е ВМЕШАНА ПОЛИТИКА... И за кој стипендија...срамота е да кажеш колу пари ти е стипендијата
Дали знаете нешто во врска со резултатите од последниот конкурс за стипендиите В???? од 31 март требаше да има резултати, а до сега ни трага ни глас
Mене сеуште не ми стигнал договор назад, стипендија Б сум...има некој таков што сеуште не добил да се придружи на клубов?
Јас мислам дека на сите од еден пат ќе ги пуштат без разлика дали станува збор за приватен или државен А Б или В, а некаде до 5 јуни најверојатно ќе дојдеме до некој денар нема кај да се брзаме
Се согласувам, пари ке пуштат заедно на сите и тоа веројатно ке биде околу средина на мај, оти секако треба да се потпишат договорите за В тип, па замислете да се вратат назад па ехееееееее тоа знаете колку работа е.....