Здраво. Сега сум 4 година апсолвент, дали имам право да аплицирам за стипендија од 2 група, ги потполнувам потребните услови.
Штом си сега 4та година имаш право. Ама немој никако да означуваш дека си апсолвент, зашто иако си 4та година сè уште не се рачунаш за апсолвент. Само ќе им направиш непотребна збрка во МОН.
Дали кога се најавува за електронско аплицирање треба преку УЈП да отворам кориснички профил или Анонимно?
Во евидентниот лист кој деловоден број треба да се пише кај потврдата за редовен студент и кај изјавите? Или само треба да се штиклира?
Дали на сите после електронската апликација и излезен ИД број, откако ќе кликнете на копчето “промени” не ви ги прикажува прикачените документи( УППИ, изјавите, уверението за положени испити и сл.)?
Пишува на 21ви декември. Претходни години секогаш многу каснеле, но оваа година за уленичките пребрзо извадија резултати, така што да очекуваме и за студентскиве.