Не вадат списоци за продолжените, само се чекаат парите негде јануари/февруари зависи, првата рата и мај/јуни втората, а лани пак на три пати ги пуштаа.
Јас сум на филозофски, 8 семестри ми е факултетот. Сега презапишав еден предмет и ми е деветти семестар. Минатите години земав социјална стипендија. Сега повотрно поднесов за продолжување. Што мислите дали ќе ми ја продолжат?
Јас кога добив прв пат пред три години во јануари ги објавија резултатите и прва рата многу доцна пуштија ако не се лажам во мај.
Така беше и годинава. Јас добив прв пат оваа година, втора група сум, и на 24 јануари беа објавени резултатите, а во мај го исплатија првиот дел од парите.
Има резултати за тие што аплициравте. Ќе ви речев побрзајте, ќе падне страната, ама се случи тоа пред да го напишам ова. Честитки на сите, со здравје да си ги трошите.
Кога ги објавија, кога падна сајтот...? Дали некоја од вас случајно успеа да ги симне резултатите (ако се пдф)?
Се пополнува договорот, најчесто во 3 примероци го бараат + копија од трансакциска сметка. Кога ќе се стабилизира страната ќе го видиш договорот под соодветната група.
Може ли некој да ми пише што треба за поднесување приговор за стипендија за висок просек што не сум примена, како оди процедурата во лп? Ви благодарам многу.