Конкретно од мојот факултет ни кажаа само да испратиме бројче на трансакциска сметка, ништо друго. Од МОН им испратиле листа со студенти кои што сме добиле и лични податоци, па направиле група на Teams. Имавме и ние рок викендот сите до еден да испратиме, во спротивно немало да може да ни ги исплатат на сметка. Имаше и такви што ја немаат апликацијата на телефонот, па среќа го превртев фејсбук и инстаграм и ги најдов за да ги известам. Другарка од друг факултет ја побараа на телефон, исто така и побарале само трансакциска сметка. Има апликација на телефон за скенирање, јас ја користам CamScanner. Сликни ги, скенирај ги и или како слики или како пдф прати им штом имаш можност преку мејл.
И ги сликнав, и ги ставив во ворд, и на двата начина им ги испратив и ги замолив за повратен одговор дали е во ред така. Еве не ми одговориле сеуште. А се чита се, и трансакциската и матичниот од лична. Ваљда е добро вака? Ја симнав апликацијата меѓута не ми дозволува да ја конвертирам сликата во пдф или ворд, бидејќи бара да се внесе начин на плаќање (апликацијата се наплаќа). Можеш ли да ми пратиш слика како изгледа апп?
Сигурно е добро штом се чита. Оваа е апликацијата. Ако ти треба за нешто пак, слободно пиши ми лп ќе ти објаснам како. Да не одиме надвор од темава тука.
Дали некој/а од Економски факултет - Скопје има добиено известување за да достави трансакциска сметка за еднократна финансиска помош за партиципација?
Јас денес се јавив во МОН ми рекоа дека парите ќе им ги префрлат директно на факултетот и ми пратија мејл. Се зачудија кога им кажав дека бараат трансакциска сметка затоа што тие пари се наменски за партиципација и нема потреба да се префрлаат на,сметките од студентите туку на факултетот.Не сум од Економски, Битола студирам.
Нема уште најчесто меѓу последните пуштаат за трета група. А дали некој од трета група во други банки има добиено?
Јас трета група во НЛБ добив сабајле Браво, фала богу им текна на време да пуштат а не како лани на крај на година
Знам за колешки од Комерцијална и НЛБ прва група, а трета група од Комерцијална, НЛБ и Халк. За други банки немам инфо
Kај мене на Стопанска АД Скопје има пуштено, 13,200 мислам беше, втора група - за успех. Ајде со здравје да си трошите на сите што ви имаат пуштено @glosipgirl само на тие што продолжуваат мислам.
За продолжени зборувам, за прв пат до завчера беше рок за поднесување договори и трансакциски не верувам дека успеале толку брзо и за нив да пуштат.
Dali na site mu pobaraa transakciska od na fakultetot, za tie sredstvata za participacija, kaj mene ne fax nish nemaat pobarano?