Јас бев позитивна и не можев да ги однесам во моментот.Им пишав меил и ми кажаа дека може подоцна штом е така.Ги однесов 3 дена подоцна, ама не сум сигурна дали ќе ми дадат.Ако не ми дадат ќе се жалам бидејќи самите така ми кажаа.Сигурно не беше подобро да отидам и нив да ги заразам со вирусот.
Не верувам некој да носел после рок од претходните години, ама сега се наоѓаме во друга ситуација и нормално треба да има исклучоци за вакви случаи. Штом си ги доставила и ти ги примале, мора да добиеш. Во случај да има проблем, чувај си го мејлот како доказ, како и решението за изолација што сигурно го имаш. Минатата година прв пат ни пуштија неколку рати на 22 април, ама резултатите ни беа објавени крајот на јануари и се беше покасно од оваа година. Од МОН се многу непредвидливи така да никој не би знаел да ти одговори на ова. Вклучи си известување за прилив на сметката или надгледувај ја темава.
Преминав од прва во втора група, и напишав изјава со која се откажувам од стипендијата од прва група, ама сеа пак ми пратиле 9900 продолжена...
Дечки, тукушто ми ја префрлија првата рата на НЛБ. Прв пат земам стипендија, така да, нема да чекаме до јуни.
Да, искрено и јас се зачудив, со оглед на тоа што лани, на тие кои прв пат аплицирале, првата рата им ја испратиле дури во мај/јуни. И сега гледам случајно, дека ми е исплатена прва рата.