Значи вака девојки, моментално сум 4та година и аплицирам првпат за стипендија. Прашањето ми е , дали во УППИ образецот треба да се напишат сите предмети и кредити за секоја година поединечно или треба само збирно за сите три претходни години? Бидејќи различни колеги ми кажале различно...
Дали има некој што ги исполнува условите, а сепак не доби стипендија и потоа пушти жалба? Не знам како одат тие работи, а пишува дека прво треба да стигне дома решение со причина, а мене сеуште ништо ми нема стигнато.
Да прашам за мислење или имате искуство. Веќе земам стипендија ама сакам и да работам. Дали можи да работам и да сум пријавена пример на 4h? Дали ќе има проблем нешто со стипендијата?
Дали некој што има одобрено трета категорија од стипендијата, а има сметка во Комерцијална банка, сеуште не му пристигнале пари на сметка?
Дали стигнаа стипендиите од прва група на добитниците од надополнетиот список? Ако не, имате информација кога ќе стигнат?
Имав аплицирано за еднократната помош за трошоци за студирање, ме имаше на списокот, и нели парите треба да се уплатени на сметката од факултетот.Е сега во најскоро треба да запишеме семестар и да уплатиме а овие од факс викаат дека не биле запознаени со тоа, немало никаква уплата на нивна сметка за никој студент. Да одам во МОН да прашувам или пак допрва ќе ги исплаќаат?
Дали има сеуште некој кој зема прв пат оваа година стпендија и е на Халк банка а му нема сеуште стигнато?