Како што гледам различно е кај сите. Мене ми префрлиле две рати во декември, а на колешка една рата. Еве и овде има членки кои добиле три рати. Не знам зошто вака направија годинава.
Дали сеуште има некој кој нема земено ни една рата? и дали некој има некоја инф. кога би пуштиле на тие што немаат ни една рата земено до сега?
Девојки, имам мајка и брат вработени, татко невработен. Дали би ми дале социјална стипендија и дали би можела воопшто да не го пишам брат ми кога ќе аплицирам?
Да прашам само јас сега сум прва година на факултет и користам стипендија од уким, дали ако имам просек над 8.5 ќе имам право да аплицирам за стипендија со висок просек на почеток на 3 семестар?
За на земјоделски факултет прашувам, ама не знам во која група спаѓа. Побитно ми беше дали ако користам 1 година стипендија од уким, дали во 3 семестар имам право да конкурирам за стипендија за просек.
Здраво сакам да прашам дали има некој земено рата од стипендијата, од оние студенти кои земаа стипендија од одобрен приговор после првиот конкурс
Не се знае никогаш, мене лани сите одеднаш ми ги пратија, за сите месеци, и тоа на пролет негде. Зависи како ќе ги завее ветрот.
Лани на два пати знам ни ги дадоа нас. Подобро се одеднаш да исплатеа а не вака во неизвесност да не оставаат .
Да. Не гледајте според минатите години, имаше и известување од МОН дека е променет начинот и динамиката на исплатата. Ќе видиме до кога ќе бидат редовни.