Можеби предходно некој го има поставено прашањево. Ме интересира дали студент кој зема прва група стипендија (социјалната) ако се вработи ја губи стипендијата?? Благодарам
Познавам многумина кои зимаа стипендија плус беа осигурани на полно работно време така да не им правеше проблем тоа.
Ама не е исто социјална и стипендија со успех. И јас работев пријавена, ама земам стипендија со успех, и никогаш од мон не ми барале извештај за финансии, или што и да треба како доказ дека немаш доволно примања во фамилија за да земаш социјална.
Здраво,сакам да ве прашам нешто вие што сте искусни со стипендииве, јас сум прва година на факултет и зедов стипендија од четврта група т.е за студенти на Педагошки што се прва година. Сакам да прашам дали доколку земам стипендија во прва година имам право да си ја продолжам и за наредни години или треба пак да аплицирам за нова стипендија од другите групи бидејќи оваа мојава се води само за студенти од прва год?
Доколку е стипендијата само за студенти од прва година, логично би било да треба да аплицираш пак, т.е. на ново.
Социјална стипендија (не е важен успех туку приходи у фамилија), стипендии со успех (над 7 и над 8.5). Јас овие ги знам само.. Ако има уште нека ме надополни некој. П.С. Тоа со успех над 7 просек е за техничките факултети.
Прва група - социјална категорија, просек небитен Втора група - просек над 8,5 за медицински и технички науки, над 9 за се остало, тука има една и за информатичари со просек над 9 и мислам новитет беше нешто со македонски јазик просек над 9 или 8 не се сеќавам Трета група - просек над 7 медицински, технички и пмф Конкурс во ноември излегува, крај на декември имаше резултати годинава.
Здраво. Дали имате добиено стипендија за трета група прво аплицирање? Уште ни една рата не сум добила, почнувам да се загрижувам дека нема ни да има.