Можеш да аплицираш за втора, ама ако те одбијат ти веќе си се откажала од првата, така што нема ниедна да земеш.
е како прва година си а ке аплицираш немаш никаков просек од втора се аплицира за успехот што си го постигнал во прва.
Не ми е јасно.... Значи, од нареден семестар ќе има социјална стипендија 6.000денари и плус 2.400денари студентски оброк (вкупно 8.400денари месечно) ?? Така е или јас грешно сфаќам?
Дали може некој да ме упати околу аплицирањето за стипендија генерално? Од кога до кога трае, кои документи се потребни итн.
Конкурсот обично излегува крајот на месец октомври, а аплицирањето е во ноември. Кога ќе излезе конкурсот, ќе видиш што се е потребно, ама ако те интересира уште сега можеш да го видиш конкурсот од минатата година. Се е детално опишано таму.
Знае ли некој како се пресметува тоа со платите и процентите од просечната нето плата во Македонија за социјалната стипендија. Пробав со некои формули и математики од нет и тука што ги пишале ама не ми испаѓа и никако не можам да се снајдам , ако знае некој да ми објасни. Дете на самохран родител сум и од примања имам само плата од мајка ми и семејна пензија и како би пресметал дали спаѓам или не во социјална категорија.
So reformava na Sdsm za zgolemuvanje na stipendiite i tie za uspeh od opstestveni nauki ratata ke bide 6050 ?
Имам едно прашање во врска со продолжувањето на стипендиите . Дали 90% од положени испити се мисли само на последната година или од сите години, на пример првата година сум положила 10 и втората 8 дали така ги исполнувам тие 90 % или мора да положам 9 во последната година(од 10).
Здраво, дали ќе ми ја укинат стипендијата доколку сум вработена? Прва група сум, социјалната стипендија.
Да, глупо е малку исто и социјалната и за успех,требаше да направат некоја разлика пример за студентите шо спагат во успех и плус се од социјална фамилија да земат повеќе, сепак се трудиш